освои св.

освои (св.)

Срцето ѝ играше од радост, не можеше да замисли да потоне во сон...дури многу подоцна, во мугрите на изгрејсонце, слатките соништа сепак нежно ја освоија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Издржи го засркнувачкото голтање на фалусот на смислата лизгавото освојување на бескрајот во овој мал дел од времето во кое смртта се лечи од комплекс на ниска вредност и се докажува врз јазичето на живите и кога затвора и кога отвора.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Стој сега ко знаме кај освоил сонот и третата мена отвори ја в понор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со народниот јазик ние ја освојуваме психологијата на нашите татковци и предедовци и стануваме нивни духовни наследници, како што сме со снагата нивни телесни продолжувачи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти патиш од оригиналност со која се обидуваш да ги освоиш луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пред војната три пати го освојувала првото место на виолина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се точкаа во долги редици, во синџири, идеа од сите страни, се сливаа во селото како војска на боиште: ги исполнија дворовите, бавчите, куќите; се качуваа по дрвјата, по ѕидовите, влегуваа во одаите, крстосуваа низ нив, се провираа низ цеповите на вратите и прозорците и го освојуваа секое местенце и делче од просторот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Научи да свири на пет музички инструменти, победи на неколку меѓународни натпревари од различни области, освои прво место на еден маратон и направи самостојна изложба на уметнички фотографии.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се измушнува од нивните постојки на патот на освојувањето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Татко не ги разбираше зборовите на песната, но силно ги чувствуваше пораките на чистата и тажна убавина, носталгичниот и меланхоличен пев, низ ритмот што супериорно ја освојуваше тишината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Двајцата со воодушевување раскажуваа за освојувањата на врвовите, за згодите и незгодите на тие заеднички патешествија .
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во негово време Србија го достигнала својот најголем подем во однос на освојувањето на нови територии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во училиштето била капитен на хокејската екипа и две години едноподруго го освојувала трофејот за гимнастика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, покрај големата блискост и двајцата чувствуваа дека меѓу нив стои една огромна планина, без желба да ѝ го освојат врвот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во меѓувреме, тој постојано го освојуваше теренот, со тоа што членовите на Партијата настојуваа да употребуваат сѐ повеќе и повеќе зборови и граматички конструкции од Новоговорот во секојдневниот говор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бригадата на Мечета беше тврдо решена во овие последни денови да го освои знамето.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Германецот на крајот смислил стратегија со која ќе го освои срцето на девојката.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Уште со првите зборови ги освојуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Волците беа стасани да го освојат целиот негов круг, заедно со ноќта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да беше јаничарството историска институција, воена, инструмент на освојување, таа така и ќе завршеше, но јаничарството продолжуваше, како аждер со повеќе глави, кој не можел никогаш да биде уништен, ако му била пресечена една глава, на истото место израснувала друга поголема глава, сепак меѓу нив имаше најмногу јаничари по судбина или по нешто друго загадочно и необјасниво за Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе