осетлив прид.

осетлив (прид.)

А можеби и не се осетливи како нас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Современото мислење и осетливоста при регистрирањето на пулсот на нашето време останаа и понатаму негови истакнати одлики, но неговото двоумење помеѓу крајните луцидни увиди и понекогаш крајно детските, искрени и погрешни процени или пусти желби, сега се смирени со пообразложен и посеопфатен начин на мислење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И паѓаат во мртовечко заспивање. Без соништа и без осетливост за стварноста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во некои случаи е можно дрогата да индуцира напади на паника, несоница, депресија и бидејќи го зголемува пулсот и крвниот притисок, луѓе кои се осетливи на овие ефекти, сериозно можат да се разболат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Истрелот одекна со кристален ѕвекот, како сета ноќ да потрепере со соодветен прекор по своите безбројни, невидливи, полилеи, а после се разнесе во осетливото ехо, многу слично на онаа гладна волчја песна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Негативни искуства: Дури и во мали количества, амфетамините го забрзуваат пулсот и крвниот притисок и можат да предизвикаат екстремна вознемиреност, претерана осетливост, нервоза, импотенција и во некои случаи, делириум, паника, халуцинации и чувство на прогонување (амфетаминска психоза).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога ќе размислам сериозно јас и попот Милошевски бевме и останавме сепак пријатели иако овој мој став ја следи познатата увереност дека не треба да се смета на „посебно пријателство“ кај луѓето помеѓу кои времето ќе создаде осетливи цепнатинки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ти ако си ваква осетлива сега којзнае каков живот ќе имаш, - рече свекрвата и стана од столот за да ја погали Маци, на која ѝ висеше парче кожа од мустаќот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Секако, не е тешко да се придобие бројна публика кога сте такви каква што е и таа, кога се смеете на истите работи, кога сте осетливи на истите животни погледи, кога ве возбудуваат исти драми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Времињата беа осетливи, а голооточките затвори преполни. За гласното размислување и ѕидовите имаа уши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакавме само да ве подразниме, да го вознемириме вашиот сладок спокој, да фрлиме само камен во вашето блато, та луѓето што носат осетливи носови да го сетат лошиот мирис... само тоа. Што можеме ние друго?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Почувствува дека разговорот дојде на осетлив терен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Музејот на современа уметност од Њујорк беше подеднакво дарежлив во своите позајмици; иако одби да учествува со делото „Да се гледа одблиску, со едно око, скоро цел час“ (1918), детална студија на стакло за еден дел од “Големото стакло” (дело кое како и „Големото стакло“ е многу осетливо и кршливо), музејот се согласи да ја позајми својата голема моторизирана конструкција од 1925, „Ротирачка хемисфера (прецизна оптика)“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Чудесното во сложениот систем на моментот – богатството на неброени осетливи нишки со кои сме впиени во универзумот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
На атмосферата во собата бев толку осетлив што понекогаш едвај нешто ќе прозборев.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Многу субјекти се осетливи на сексуални понижувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ѕидот е неосетлив, осетлива е само главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)