ослабен прид.
ослаби св.

ослабен (прид.)

Се фати за рабовите на одарот и со треперење се подигна на своите ослабени раце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Иако ослабена врската, што се вели, Горачинов не ми се истава од мислата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тешко му беше да се крева со олабавените, од болеста ослабените мускули, но додека сосем не капна, додека од мускулите не ја исцеди и последната капка сила, не попушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Забележувам како кон нив се упатуваат коректно облечени луѓе, исполнети, кои контрастираат со другите луѓе, ослабени, со испиени лица и скромно облечени, видени дотогаш и подоцна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зошто не ја пожали нејзината чиста верба? Беше ослабен и помрачен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оттаму, од најдлбокото, кикотејќи се, како со босилкови кивчиња ги гаѓала ослабеното срце и изнемоштената душа на седнатиот на брегот старец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ИВАН: Смири се. Сето тоа се твоите ослабени нерви.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој подолго време го гледаше Камилски отколку што тој можеше него да го види, бездруго поради ослабениот вид, токму во времето на денот кога требаше да биде извршена операцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)