ослободи (св.)

Кај нас сите идат како ослободители, никој да нѐ ослободи од нашите ослободители.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Востание е борба за слобода, против Турците, ќе ја ослободиме Македонија – ја убедуваше тој.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
По ослободувањето на Македонија британските воени мисии се префрлиле во Скопје.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кога ќе ве ослободам, ќе ги видите ледените скалила што водат горе во белиот свет.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Со други зборови, дајте им ја вие власта во рацете на Македонците, тоа треба да се разбере на оние од нив што се викаат Бугари, та од неколку години после вие ќе видите оти и во Македонија од другите народности ќе остане тоа што остана од Грците во Источна Румелија, по ослободувањето на последнава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исто така мнозина ќе забележат оти малите држави се однесуваат со таква недоверба кон улогата на Бугарија во Македонија како што се однесуваа големите сили кон улогата на Русија во бугарското ослободување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На Балканот разделените народи во променливите и нестабилни граници, во малите држави нации, не можат да се ослободат од митот дека некогаш претставувале големи царства и дека треба да го повратат стариот сјај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нашата коза го прифати погледот на Сталин, започна да подигрува со опашот, сакаше да се ослободи од јажето со кое ја држевме врзана околу вратот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но не можејќи да се ослободи од атавистичкото верување дека власта над народот му е месијански одредена од некоја далечна, мистична сила, која може да биде само божја, Бургиба никогаш нема да се ослободи од неа, дури и кога сенилноста и немоќта видливо ќе ја ограничат моќта да владее.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но кога виде дека Крчо заради неа ја остави татковата куќа и се пресели кај сестра си, уште толку го засака и се ослободи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со едната рака цврсто го држеше ременот, а со другата и со нозете го клоцаше снегот, го распретуваше, настојувајќи да го ослободи животното.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа дојде до таква степен што Русите сакаа да кладат крст на своето понатамошно занесување и ослободување на Словените на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Врз таа основа Бугарите ги поставија своите претензии на Македонија и Македонците очекуваа ослободување од Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се зборуваше дека намерно истрчувал кај што паѓаа гранатите од војските што влегоа да нѐ ослободуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шепотот на љубопитноста во она малку крв што ја имав не можеше да ѝ се спротиви на бучавата од која небото паѓаше врз сите нас да нѐ ослободи од патилата и надежите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можев да се ослободам од чувството на виновност поради недоразбирањето што очигледно произлезе од моето сосема случајно поврзување на Јапонките со присуството на девојката в бело во претсобјето на вујко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Среде тој бескраен спор помеѓу двата братски соседни народа македонското словенско население, заради кое тие се караат, малце по малце зрее во националното самосознание и сака да се ослободи од покровителството на соседните народи за да може само да си биде вршител на своите судбини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Комунистичкиот режим со драконски мерки речиси ја ослободи земјата од жртвувањето низ крвната одмазда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
При таквите географски услови јасно е оти Македонците не можеа да се ослободат од Византија и готови беа да му бидат сојузници на секој непријател што ќе војува против Византија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Постапувајќи така ние ќе се ослободиме од грешките што ги прават другите балкански народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе