оствари св.

оствари (св.)

Остварил и студиски престои во Берлин и на Школата за визуелни уметности во Њујорк.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Програмата на органската сексуалност може да се оствари и независно од психичката програма.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Компанијата за гас не ги остварувала приходите потребни за плаќање на персоналот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Новите лесноумни петпари не даваат За старите поговорки Тие секоја гунгула ја нарекуваат креативност Потем така наречената креативност уште и ја остваруваат И за секој непочнат сон отвораат нова страничка на интернет Ѓоа некому му е гајле што сонувале баш тие Па ќе тарашка по нивните непочнати соништа на интернет Јок џанам, многу бргу се разоткрија Распродавачите на селански соништа На градските плоштади
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Може и нивната љубов се остварува само низ плачење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, треба да се истакне дека претходното постоење на оваа одредба фактички значеше дека по никој или речиси по никој основ работникот кој останал невработен не може да оствари право на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Идејата што на Едо писателот му падна на памет при средбата со својот истоименик, не само што му се допаѓаше туку го правеше и нестрплив што поскоро да ја оствари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Речиси целиот живот ќе му мине во потрага по патот кој води во родната земја, остварувајќи го вистинското враќање само во јазикот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На тој начин, оневозможеноста работникот да остварува одредено право се трансформира од кршењето на законските одредби во постапување согласно законот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Години и години живеев во прелага дека добро ја познавам психологијата на нашиот човек, и по многу искушенија и самиот дојдов до сознание дека ни е судено да се остваруваме во јазикот: некој беше рекол дека врз јазикот сум прикован како разбојник на крст.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во традицијата на балканските класици Луан Старова успева овде да оствари еден мајсторски потфат а несомнено ни резервира и други бисери од овој жанр: Времето на козите е само една книга од една трилогија, која, пак, се вклопува во еден уште пообемен циклус...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој дури оди толку далеку да тврди дека апсолутистичката монархија (што по негово мислење најцелосно е остварена во тогашна Прусија) е најсовршен општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Но, поради овие неплатени години од стажот, тој не може да го оствари своето право на пензија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имајќи ја предвид лошата ситуација во фирмата и малата веројатност нешто да се промени во тој правец, таа се сложува на ова и „доброволно“ го потпишува решението за технолошки вишок, кое датира од септември 2005 и во кое се наведува дека од денот на престанокот на работниот однос нејзе ќе ѝ се исплати надомест на име испратнина во висина од пет месечни плати остварени во последниот полугодишен период, а исплатата ќе се изврши со денот на престанокот на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тогаш човекот е најпродуктивен и најмногу твори, а плус го остварува своето потомство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Надоместот на месечната плата се определуваше во износот што работникот би го остварил кога би бил на работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во својот живот, Мајка си ја смируваше, си ја облагородуваше, си ја успокојуваше и ја урамнотежуваше својата голема душа низ еден постојан процес на лаицизација кој се остваруваше низ повеќе генерации, низ реминисценциите од верата на нејзините предци во новата вера, со бекташкиот екуменизам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако ги осуетил стратегиите на албанската тајна полиција и ако поради неа нема да го оствари враќањето, ќе му преостане на крајот од полза неговото искуство („таа аскеза...”) во делото кое ќе замисли да го напише подоцна и тоа не друго, сигурно погодувате, туку романот Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе