отпочине св.

отпочине (св.)

Молчеше, само погледот му шеташе наоколу, како да бара место на кое ќе може да отпочине, и тоа негово молчење богами бааги потраја.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дента откако отпочина Бог Поворки стигнаа од краишта опашани со море И гласои доаѓаа од кај ѕвездите.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Штом се вратив од чаршија ја фатив мрзата за шија цел ден по сокак дрдорела сармата скроз ја загорела Куќата цела ко кочина не можев да отпочинам филџани стојат на масата а мрзата мрсна небањата Нервозно кренав паника и сукало дебело заигра комшилук сеир гледаше назад кај татко бегаше
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Дајте ми да си поткаснам, па откако ќе легнам и ќе отпочинам, тргнуваме кон преминот на проблемот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Градеа без престан шест дена. На седмиот седнуваа да отпочинат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сакаше да вика, да плаче кога застана да си отпочине и кога виде колку простор совладал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се меша зеленото мастило со црвената крв: надежта отпочинува под сенката на муренката пред лутиот бој со смртта. ем молчат, ем бијдат брановите: доаѓаат нови поплави од тага за докусурување на дваесетиот век. секое листе на белата муренка им прави сенка на мечтите на сите кои умираат со гордост во погледот.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Дење седеше во колибата, ги следеше од внатре птиците што слетуваа на островцето да отпочинат, им го следеше летот низ воздухот, им го одредуваше местото каде навечер слетуваат да преспијат, или каде прават гнезда, и кога ќе се затемнеше, излегуваше како ноќен гуштер од колибата, се влечкаше пополека низ шеварот и трските, го слушаше тивкото прпање на птиците кои тонеа во дремка, и како орел, како аждер, им се нафрлуваше одненадеж, ги фаќаше со раката за шијата, ги стегнуваше не давајќи им да писнат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не пропуштаме да отпочиниме во единствениот и изненадувачки прекрасно уреден ресторан со хотел и голема тераса со поглед на езерото, домаќинлак на невообичаено љубезните Коста и Вера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќе отпочине, дали новото разорување на Алепо некој некогаш ќе го спомне во наставата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Што се однесува до сегашнава моја положба, јас се чувствувам како оној патник- намерник кој иако сеуште не го изодил долгиот пат што наумил да го совлада, наеднаш, без некоја јасна причина, откако заноќил в туѓа куќа и убаво си отпочинал, се разбудува со чувство дека нема повеќе ниту намера ниту волја да оди понатаму.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Изморени од момчешкото оро - тапанџијата и зурлаџиите се тргаат во сенка да си отпочинат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)