отскрие св.

отскрие (св.)

Но ја видов крај реката со здолниште над коленици, блузонот со длабоко деколте, ги отскриваше како бели јарки, нејзините сентименталности пратени со петинг.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Мајка отскрива бела погача, ја удира и ја гребе од жарчињата, ѝ ја дува посопта и ја сече.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас пак ја отскривав секоја жена што ќе ми се стореше сомнителна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не отскривај ја главата да не ти настинат вошките!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе потргнам јас и ќе ја отскријам неа, ќе потргне таа и ќе ме отскрие мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама што дека го најдов, вели и се пресега да ми го отскрие детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Горачинов ги крева веѓите и ги отскрива големите очи: во обете му игра по едно мало човече што личи на мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Над нас се забира мушамата, церадата и ни ги отскрива главите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Старецот покриеното со крпа го испружи далеку пред себе и со претпазлив од на полуслеп човек дојде до десната страна на коњот на садриазамот, се поклони дури додолу до земјата и ко се испрај, пред да го крене високо и пред да му го поднесе на Турчинот, покриеното со крпа го отскри, беше леб и сол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се осеќам како отскриена куќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама сум ко чкулава во рацете, повеќе го отскривам, отколку што го покривам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И сите да ме отскриваат, да ме поднаѕираат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се биеја неколку деноноќија и исчезнаа. Оставија неколку искршени овошки, отскриени плевни, растурени сламени покриви.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Јас и Оливера Поточка одиме со главата в торба, што се вели, влегуваме по куќите и ги отскриваме булите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така замешај го, размеси го, направи неколку лепчиња. Па остави ги, отскриени, за да се потсушат. Да не можеш многу да изедеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овдека, ова време, не си смеел со отскриено лице да излезеш, да одиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Восочното лице ми се издолжило, забите ми се отскриле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целта на надојдената вода била да го отскрие председателот, сите се чудевме после тоа. - Зборуваше баба ми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Стана со сѐ куверта врз себе чиниш се плаши да не остане отскриена пред миризбите Димостенови задржани во одајчето и така наметната како со гуна почна да чекори наваму натаму не со умисла да се згрее, туку за да се умори, за да папса, за да падне во некоја дупка од каде ќе нема враќање.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Отскриј ме па ќе видиш. Сестро, гуската.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе