отчепи св.

отчепи (св.)

И зошто да кријам, бев среќна дека барем неговиот сон ми верува штом ја отчепил стерната за да дотече вистината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако тој зборува а никое од дечињава не му го слуша гласот, тогаш сигурно длабоко спијам и сонувам па можам и јас некој лаф да му плеснам и сигурно никој нема да ме слушне и ја отчепува и таа својата уста.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Знаеше дека другиот се мачи да го отчепи шишето со ликер, Чу: „Јас сум пропаднат светец, бивш богослов.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа неочекувано забрза, како да го совлада желба брзо да се отчепи од таа своја должност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Што се случило со нејзиниот ластар, што се отчепи од нејзиното срце?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го отчепи и го крена кон светилката како да беше шприц од кој со испробан гест ќе истисне неколку капки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)