оѕве (св.)
- Да заобиколиме? - несигурно се оѕва десетарот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Како сте? Се радувам јас. - Ако го барате мажот ми, отидете утре во канцеларијата, тој таму прима - се одѕва таа мрзливо и гледам се готви да ја затвори вратата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Лево, рој женски гласови се оѕваа и, чиниш со лесен лет на пеперутка, ја пробиваат темнината и кратко, задржувајќи се меѓу осакатените дрвја, јагленосаните гранки, подгорената трева и овенатите полски и шумски цвеќиња - ја отпеваат изгубената младост, убавината и недоживеаната љубов...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„А за тој лекот... За лекот не му кажа“, неочекувано се оѕва дедо Стефан.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- За да владее подобро - се оѕва Аргир, кој барем од кога го познава Мита, никогаш за никого добар збор не рекол.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога ќе го викнат Петар – нема да се оѕве Иван, Лазар, Велика и други.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Оѕви се, испрати ме. Во голема невола сум.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)