пазарџиски (прид.)
Мноштво божурики се извишуваа и се вееја од двете страни на Пазарџиски Пат, а над нив, над јаганцата и житјата, високо во воздухот и до под самоти небо, зуејќи и црцорејќи сноваа инсекти и птици.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И затоа кога истата таа година, во летото, во време пред да почнат жетвите, го најдоа Хаџи Ташку со здробена глава на ничиј синор, ни на веселечки ни на кадиноселски, туку точно на местото каде што денеска Пазарџиски Пат за прв пат ја прегазува железничката линија, никој освен потковичаните не се досети кој можел да му го „пресретне“ патот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Затоа не им верујте на пазарџиските преваранти кога ќе ви кажат дека ракијата е домашна затоа што е немогуче да продаа 500 кила месечно, а тоа да биде домашна.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
6. Внатре, пак, во Потковицата, иако не без ризици, сепак нормално, човешки, пеша, на коњ, или со запрежно возило, моторни, освен трактори и џипови, не одаат, без попусти напори и закани дека, ако се намериш преку ридиштата, ќе се зацапаш во блатата и мртвиците, може да се влезе, и да се излезе од неа, само по два пата - по Пазарџиски Пат и по Голем Пат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Нивните војски, предводени од Кара Мустафа, садриазамот на Мурад I Ходавендекер, овдека, во Потковицава, одавде стигнаа, на север, по Пазарџиски Пат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)