паметење ср.

паметење (ср.)

Непробојните огради помеѓу животи се нужност зашто, боже пази, да ми се случи да ги живеам сите животи со паметење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа имаше посебен дар за паметењето на ликови и бојата на гласовите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега почна да ми се одмотува клопчето на паметењето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И без престан благиот шум на борјето над нив да шумоли ко пеење и паметење и вечен запис врз стеблата и каменот под кој лежат ветените за кои сал дабот, чамот, кленот, карпата, ридот, парчето ’рѓосано железо и штикот скршен ќе раскажува во времињата што допрва ќе дојдат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама тогаш луѓето повеќе паметеа, оти помалку работи имаа за паметење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве што ми остана во паметењето: оној ден додека ја отворав вратата за да си заминам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А таа слика, таа глетка на трчање зад камионите, тој плач, таа болка, тие викања ми се вковаа во паметењето и сега споменот налетува, надоаѓа како бран, како рој, живнува, гори, жежи, се нижи збор со збор, вик со вик, плач со плач, солза со солза, издишка со издишка се врзува во синџир, се втиснува, стега, гмечи и боли...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како што колената не ги снемува, како што корените корен раѓаат, како што сојот не умира, така и лошото живее во клетвата народна што постојано се пренесува низ дамарите во народното паметење и како поука и како предупредување... ќе не колне нас народот, ќе нѐ колне...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вредноста на ваквите проекти, што треба да ни го сочуваат паметењето, не треба да се оценува според нивната убавина туку според вистинитоста на прикажаното.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да се памети. Да остане белег, да остане за паметење...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Може, љубов моја! Но само под еден услов. Во планирањето на тоа наше патешествие за паметење да учествувам и јас.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Баба Роска го гледаше во чудо - тој човек кој со години ги фасцинираше сите со бистрината на својот ум и со беспрекорното паметење на ликови, имиња и датуми, како се претвора во физичка и психичка рушевина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Колку е човекот условен од знаењата што ги има за историјата, колку традицијата, преданието, фактичката историја, се неопходни аспекти на личноста, може ли да се постигне индивидуација без присуство на таа компонента, се прашања кои Башевски ги разгледува поставувајќи паралели меѓу Симона и неговиот предок, како и меѓу „ликот“ на селото и она што е задржано во колективното паметење и, конечно, меѓу историчарот Владе и наводните документи за историјата на селото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Луѓето со свежо паметење на метежните настани излегуваа од куќите да го поздрават Чанга, со повратена надеж дека сигурно ќе се врати времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Господи, имаше, имаше и други такви денови, вредни за паметење, за кои бев сигурна дека никогаш нема да ги заборавам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во нашето детско паметење имаше многу место, та затоа не ги заборавивме овие зборови што секој ден беа преточувани во дневни пароли.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само вистинските случаи, а кон нив можеле да се придодадат и таквите соништа кои биле вистински одраз на стварноста останувале во гнездата на нашето паметење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Има век за паметење има магија за ослободување.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И до каде што може во времињата да допре со паметењето, тој не си спомнува за ваква страшна и болна, кобна и тажна, ужасна и потресна глетка што сега се распостелува пред неговите очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе