папирус м.

папирус (м.)

Папируси полни со празни зборови, зборови што можеби се плод само на неговиот ум, а не на Божјата вистина која се населила во него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се истегна уште еднаш, ги искрцка преплетените прсти на двете раце и го погледна папирусот пред себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Набрзина, така застанат над масата, ги рашири папирусите и бргу прелета со погледот над она што го напишал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сѐ уште потпрен со грбот на ѕидот, со прстите од едната рака заплеткани во русата коса, Македонецот ги читаше испишаните папируси.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На централниот дел од ѕидот стоеше порака, напишана на вешто изработен папирус, која почнуваше со зборови: „Кажи ми ангелу скришно каде да соберам сила искушениево да го скротам?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Овде е возбудата на славењето на Неговото име“, си помисли, „овде, на папирусов, токму во овие празни, формални поздрави“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како отсекогаш да бил старец што пишува бескрајни листови папирус во оваа студена зима.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
VI. Кога почувствува дека почнал да му се кочи и вратот, сфати дека поминало уште време и дека се заборавил пишувајќи и размислувајќи седнат така во една поза, наведнат над папирусот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Роска стоеше под подгорениот папирус. - Колку убава песна! Кој ти ја напиша? - ѝ се обрати на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)