папуџиски прид.

папуџиски (прид.)

Ги сакаше Бошко јорганџиите, и стоеше пред нивните дуќани залапано, додека тие го дрндаа памукот пред негови очи, ја сакаше папуџиската чаршија каде што на шега му дозволуваа да обуе лева папуча на десна нога: во кујунџиската чаршија со големи стреи и кепенци, каде што златото и среброто блештеа и го заслепуваа, се смееше будалесто: но најмногу од сѐ го сакаше безистенот, чист и среден, со мириси на ѓулсуи и темјан, каде што по калдрмата пред дуќаните не се растураа распарани опинци, парчина тенеќе или шајки, и каде што можеше да влезе од една врата а да излезе од друга, и пак од таа што излегол да се врати назад.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во Скопје тогаш навистина имаше осумдесет еснафи и уште повеќе занаети, и секој еснаф си имаше своја зграда со одаи, разни помошници на занаетчиите, и свој писар наречен граматик си имаше, и сите еснафи заедно си имаа еден заеднички ќаја, но да се биде писар-граматик, иако само на папуџискиот еснаф, не беше мала работа и мала чест.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На денот на Свети Пантелејмон, великомаченикот, кога папуџискиот еснаф излегуваше во манастирот во Нерези, Тодора ја грабна родената Костадинка, Коца, и прва излезе пред порти да седне во чезата врз посланото веленце.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И борбата продолжи. Ибн Бајко веќе стана писар-граматик на папуџискиот еснаф, а таа - не, па не, само на еден колец се држеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)