парен (прид.)
Може да се штеди и бензинот, и плинот, и парното греење, и дрвата, и облеката, и чевлите, може да се штеди ако не се прејадува, ако не се препива, може да се штеди ако непотребно не се патува, може да се штеди ако не се фрла, кине, валка, гази - може да се штеди, добри мои, на илјада начини, а не е потребен наук за да се совлада вештината за штедење.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Тендери фрчат, во мозок нѐ дупчат опортунисти во кабинет чучат полни кафани од утро до пладне студенти учат за курово здравје Има ли спас од поскапо парно редици долги во социјално и ако завршиш катастрофално скапо е дури и во погребално Избави нѐ Оче од банкари алчни себични луѓе и денови мачни избави нѐ веднаш од шалтерска стока до кога каматата Оче ќе скока?
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Го уништи мобилната телефонија исто како што парната локомотива ја уништи поштенската кочија.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Ако говориме за иднината, не смееме да заборавиме дека тука тече незапирлив алгоритам: луѓето што ја измислиле парната машина, никогаш не би се сетиле да изградат огромен брод на парен погон, со што би ја употребиле својата технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
А дома, намуртеното лице на жена ми ги најавува новите сметки за струја и парно, и старите незадоволства поради брачната тескоба, додека високиот писок на децата ја дополнува нејзината безозборна тажачка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Поминати се дваесет и една година од првиот писок на Стивенсоновата парна локомотива - во Германија и во Белгија се градат железнички линии.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
— Вака и вака, вели и ми го зема лончето за чај, ме води кај цевките за парно затоплување, прескокаме преку жените.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го парна мислата дека она што тукушто исчезна не е јава туку сон, толку наметлив и привлечен сон.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само го попуштија вентилот на парното, а тој летна во воздух и врелата, валкана вода од радијаторот плисна до плафонот!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сега забележа дека го исклучиле парното – рацете ѝ беа студени.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ако ветувате, тогаш вака. Во сиот обид и напрегање да наслушнам на што точно ме потсетува звукот кој постојано доаѓаше во мојата канцеларија преку цевките на парното греење, кои протегајќи се низ целата зграда, се спуштаа по ѕидот, близу до моето работно биро, си направив многу интересни и необично инвентивни претпоставки.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година умира композиторот на Норма, Белини, и се обвиваат со филц и гума тркалата на парниот автомобил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„За парното? За заостанатите рати од кредит.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
(Во неговите школски денови, се сеќаваше Винстон, во доцните педесетти години, Партијата тврдеше дека нејзин изум е само хеликоптерот; дваесет години подоцна, кога Џулија одеше на училиште, Партијата веќе полагаше право и на авионот; уште една генерација, и ќе полага право и на парната машина.)
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сето тоа изгледаше повеќе како мирна сцена покрај реката... постојано клокотење на големиот ѕвер (парната машина), слично на звукот на водопад”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
„Не, не... Со парен број не би бил задоволен“,ѝ рече авторот на Летка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ќе стоев така скукулен до парното нем, неподвижен, сиот претворен во парче мрак и исчекување.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тој 21-на година работеше на позиција машинобравар на одржување, а после неговото вклучување во штрајкот од 2008-та, како што истакнува, е „награден“ и распределен на нова работна позиција, ложач на парен котел во РЕ Енергана.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)