пегла (несв.)

Марије млада невеста промискуитетна и нечесна сеуште мажи шармираше а висок морал пропагираше Везден нокти лакираше со свекрва очи си вадеше до ова да дојде немаше да мислеше дур се ебаваше Сексот и градот го гледаше и ретко алишта пеглаше во бракот што влезе се каеше ни јајца да спржи не знаеше
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Со тежината и со топлината моја ќе ги пеглам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ги пеглам така на некоја лединка во шумата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Христина и Томаица се чудеа што да облечат за на слава кај чичко им, па гласно се правеа договори за редослед на капење, се пеглаа облеки, се печеа пити, колачи, целата куќа мирисаше на цимет и каранфилче.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Земам, се запрегнувам во ракавите, спремам најубаво што сум можела, ја дотерувам масата за ручек, го пеглам и го штиркам секое крпче, секое везено и секое плетено, и чекам да дојде тој.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога дојде Рајна во посета, се изненади, ти се покажа најголем традиционалист од сета наша генерација, што е ова сѐ штиркано, сѐ мраз пеглано, а само за еден човек, заслужува ли оној суртук такво нешто, знам, знам, сега ќе подзамижиш и ќе речеш, е па на некој начин и заслужува, колку убаво ме љуби, ха, ха!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Имаш нешто да ми кажеш?“ запраша мама, додека внимателно пеглаше една кошула на тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го переше, го пеглаше и Богдан се чувствуваше среќен во ваква домашна атмосфера која со години ја немаше почувствувано и за која мечтаеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Цела ноќ ги исправав, ги составував, ги пеглав, ги лепев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
СИМОН: Прво мене ќе ме прашаш дали смее да ти пегла панталони.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се прашував дали странецот во овој стан, во оваа соба си мисли дека сум мајка му или некоја глупава сопруга која му ги пегла кошулите на мажот што треба да оди во лов на „Риби“.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Ами дали паметиш кога ги пеглавме кошулите со наседнување, со налегнување, ми вели Велјаница Пармакоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Не паметам од кога не ми е перено и пеглано, а порано бев секојпат така убаво облечена.“ „Потивко!“ - ги смируваше убавата Лила поткренувајќи го десното раче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Еднаш Лена го видела дури да ја земе пеглата и да пегла кошула.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Невешто пеглал и, кога ја видел, се збркал. Се усрамил, но не престанал.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)