писмен (прид.)
уште еден домат или за двосмислената свежина на дистанцата во пишување …додека ја дочитував трудољубивата писмена задача на вашиот критичар против новата проза објавена во последниот број на вашето ценето списание се сетив на една од ретките средби со дебелиот кој по сто и осумнаесет дена и ноќи во истамбулскиот затвор и четириесетина килограми помалку си мезетеше сѐ уште со истиот прекар и со истиот апетит двојна салата од домати…
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние сѐ повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Откако конечно ќе се обезбедеше соодветниот соговорник, со него се потпишуваше писмен договор за соработка според кој тој имаше право слободно да одлучи дали податоците кои ни ги дава треба да се анонимни, или пак имаме дозвола да ги објавуваме во целост – сосе имињата и презимињата на учесниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Руската револуција дозволи да влезат во употреба голем број туѓи зборови кои дотогаш биле употребувани главно во писмена форма.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Платите и надоместоците на работниците ги определува стечајниот управник во согласност со закон и колективен договор, а врз основа на претходно добиена писмена согласност од стечајниот судија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ви го праќаме овој писмен состав, а со цел да ви ги дополни знаењата за нашиот град.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Но зборовите на мајка ѝ како ќе биде утре само таа в село писмена; како ќе може да чита „големи книги"; да пее в црква та дури и писарка на спаијата може да му стане и да вади добри пари, — сето тоа ѝ даваше кураж да издржи и редовно да ја посетува школата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На тие два принципа одговара: 1. прилепско-битолското наречје за литературен јазик, како еднакво далечно и од српскиот и од бугарскиот јазик и централно во Македонија, 2. фонетскиот правопис со употребените писмени знаци во оваа книга и со мали отстапки на етимологијата, и 3. речничкиот материјал да е збир од сите македонски наречја. 155.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во рок од осум дена од денот на писмената изработка на пресудата до странките се доставува заверен препис на пресудата со поука за правото на изјавување правен лек против пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако еден народ само постепено си го изработува своето писмо и него го преработува и притоа во неговата историја нема такви настани што ја преполовуваат и прават цела пропаст помеѓу едната, т.е. старата, и другата или новата половина, -писмениот јазик и правописот содржат во себе многу такви особини што немаат реална вредност во гласовите во сегашната состојба на јазикот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Камилски најде и низа други турски заемки кои си го свршиле своето во балканските јазици, но чие значење не можеше лесно да исчезне, задржано или во усната и писмената народна меморија или на недоискажаното во новите зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во таков случај одмерувањето на трошоците го врши претседателот на советот, а одлуката се внесува во писмениот состав на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тука е и крај на записов што не е и што не можел да биде расказ за селото на каков нѐ научил нашиот писмен мислител.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ѝ раскажа приказна на Ели, држејќи ја во скутот, ме пофали мене за двете петки на писмените работи од македонски и математика, направи некаков пудинг за по вечера.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Судот може да се огласи за месно ненадлежен само доколку тужениот истакне приговор за месната надлежност во писмениот одговор на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тој категорички одбиваше да ги пушти. Без писмена дозвола.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но тоа не беше важно, зашто беше просто незамисливо дека би можеле да се состанат некаде во затворена просторија, или да разменат некаква писмена порака.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ве читам, вели. Многу сте биле писмени, сакам да му речам, ама си ги враќам зборовите, си ги голтам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
1. Македонската азбука содржи 31 писмен знак (буква, графема) со кои се бележат македонските гласови (фонеми).
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)