плажа (ж.)
Нешто се тресе во водата ладна стружанка млада широкоградна камен од бубрег во бешика спадна голем ко орев го измочав падна Во Струга сакам и плажа да имам да не плаќам данок пари да зимам езеро чисто јас да благословам нелегално пастрмки со мрежа да ловам Оф леле леле либе ле Дримот ги лади јајцата две виршлата веќе одамна се свари за тебе ќе пишам на старост мемоари Донеси либе пиво од туба да заблажам душа и слатко од дуња облечи вечер свечена руба од сите ороспии да бидеш најубаа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Ние не се ашкаме по кафеани по плажи и на други места Ние си го вардиме сопствениот еукалиптус и ништо повеќе Но и по табиет не сме дрдорливи и претпочитаме да си молчиме
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Се насмевна во себе. Секако, секако ... овој човек на плажата — колку години има? Шеесет и пет? Седумдесет? — чкрташе и шаркаше наоколу.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
На плажата влегува заедно со другите деца и раководителот го учи да плива.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Бидејќи ваквото шоу е невозможно да се следи подолго време, поради брзата епидемија на вкочанети вратови, на славната компанија Copertone ѝ текна, па проекциите ги организираше над плажите во Калифорнија, промовирајќи ги своите нови лосиони за сончање.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Голема желба во животот имам на струшки вечери поет да бидам на езеро ладно пиво да пијам на струшки ручкови у фаца да им ждригам Не, јас неможам во Скопје да седам неможам шмизли и шминкери да гледам запалив кола во Струга ја летнав да одморам душа од џунглата штетна Облеков шорц на плажа отидов Гавазова Сузе на кајче ја видов решив да пријдам го скршив мразот и видов паун тетовиран на газот
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Летното сонце уште печеше така што плажите беа прекриени со капачи кои гласно и весело вреваа, прскаа и се плискаа во водата или се сончаа мрзоволно испоналегнати по песочниот брег.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Плажите покрај Пацификот се толку долги и широки што никој не се прашува ќе има ли место за неговиот пешкир.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Мајката на главниот јунак умира, а тој запознава девојка и со неа оди на плажа во Алжир.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Тоа беше негативот на мртвиот пес од плажата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ене онде на океанскиот брег под крајбрежните чемпреси Абориџините трампаат една песна за еден радосен крик на делфините отшто само делфините се радосни на плажите на кои има илјадници километри за распостилање на домородната тага.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Слетавме на мала плажа со сосема бел и многу ситен песок. Како сол ситен и бел.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога јавачот и неговиот коњ ќе се оддалечеа до самиот крај на големата песочна плажа, до оние карпи што од источната страна го ограничуваат малиот залив, детето го свртуваше својот белчо и на ист начин галопираше кон главната плажа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
На твоја иницијатива посетивме една локална плажа.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Меѓутоа, расказите кои за свој предмет го имаат тој друг Град неповратно загубен, ја надополнуваат онаа „карика што недостасува”, па некои од читателите на овие страници веројатно ќе отидат да ги бараат местата каде некогаш се наоѓале Дрвениот мост на Вардар, Офицерскиот дом или скопската плажа...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Толпа луѓе се меткаа по плажата, гледаа во морето, немоќно кршејќи ги прстите, додека други ги вртеа грбовите кон морето за да не го видат неизбежниот крај на давеникот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Играв со момчињата во песокот на плажата, со кофички правевме дворци и тврдини од песок, а кога ќе станеше премногу топло тие трите момиња и јас трчавме во водата, се прскавме и врискавме од радост.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Но секогаш кога се сеќаваме на убавите егејски плажи, на мирните и чисти заливи на Халкидик, пред нашите очи истрчува малиот коњаник на својот преубав бел коњ.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Не се покајав, зошто плажата од хотелот беше прекрасно место со многу бистра вода за пливање и чиста и мирна плажа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Внучката радосно дотрчува и по неколку минути, држејќи се за раце, излегуваат од зградата на хотелот, и се упатуваат, под истрошеното сонце, кон колибата, полуурнатата куќарка со празни прозорци и врати на другиот крај на плажата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)