пламенче ср.

пламенче (ср.)

Го здогледав уште она пламенче во тавчето со балкански гасови, го здогледав и видов како скочи и изгасна од догореност и во истиот момент српот и чеканот изгледа се вкрстија да го симболизираат чинот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Одново почнува некое пламче надеж да ни папоти во градите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Болката во зглобот беше силна но не можеше да го потисне срамот пред жената пред чии очи со зеленикави пламенчиња се чувствував бедно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Набргу во студеното огниште заигра весело пламенче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Светкаше во вид на многубројни змиести пламенчиња.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Течејќи од изворчето низ годините Водата откина од Огнот мали пламенчиња и стана многу весело, патот на Водата светеше од двете страни.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мислиш по барут оди пламенчето на конецот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во огништето ископано во ѕидот на земјанката згасна пламенчето и земјанката заедно со големите сенки расфрлени на ѕидовите, потона во мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вивнаа пламенчиња под жарот од сланината што почна да се топи, се рашири пријатна миризба, создавајќи во изѕемнатата душа на детето нишка од убаво настроение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа пламенче покажуваше дека сѐ уште се живи, додека сѐ уште дишат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сега гледа во огнот. Очите ѝ се полни пламенчиња и искри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога жените се исправиле под светлоста на месечината чудно танки и штрклести дури и во подгрбавеноста и кога пошле кон своите куќи во чии прозорци лежела магличеста светлина, Лозан Перуника, со стиснати усни совладувајќи го во себе отпорот на осаменичкиот страв, дошол до гробот заграден со пет пламенчиња за петте покојници од дванаесет до шеснаесет години и се потпрел со острите коленици на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во очите на волчицата изгасна пламенчето на љубовта и бесот, краиштата на нејзината челуст се пособраа, песната се исуши на нив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Свеќите горат во окопата. И пламенчето го зачекуваме со дланките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се навалува пламенчето на свеќите, како да поддувнува топол ветер од градините, под црквата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога од станицата стигнаа пред зградава, додека сите се качуваа на првата плоча преку неколкуте басамаци, таа си рече Да признам што има ваму долу? чкртна со кибритчето, го наала кончето на свеќата, нив постојано ги пикаше во пазувата, и лелејавото пламенче дури долу по ходничето и таму лево во двете прегратки ги заваби сите. И гуските, се разбира.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И земјата, и небото и тревата околу тие дрвја, дури и карпите изгризани од животот, како низ танка магла да се наѕирале илјадници пламенчиња на свеќи и на факели, зрачела ноќе млечна светлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Има и кутија со многу мали предмети - има една џива што се тетерави по цилиндарот додека тој се врти, потоа зад нив има едни ротирачки маскирани вртлози со лице на инсекти што ви се плазат, потоа ги има оние мали спирали и пламенчиња, и некои други нешта што се случуваат.”
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Повеќе