пламен (м.)

1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Пламенот што се превиткува во средината на земјанката го осветли нејзиниот десен образ огрден со дебела лузна во чија средина сѐ уште е залепен загноен струп.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се качува пламенот по смреките и дрвјата и слушаш како нешто постојано се урева во огнот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се влечеше по калдрмата додека зад него остануваше танка и влажна нишка пламен на зол вепар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Град од усвитено железо истураа авионите и веднаш зад нив долетуваа други и постелуваа пламен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вискито му мина низ целото тело како пламен и му ја разгоре желбата за одмазда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Некој пламен од огнот пред колибата ми останал на лицето и гори дали гори...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жолтото јазиче на пламенот се извиваше и бараше излез од стаклото на зачадената ламба.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сѐ ми беше попусто зошто сивите галии гореа во пламен од потопи и понори...
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Се грчел и се обидувал, згрбавен и сличен на голема желка фатена во круг на пламен да се извлече од својата несреќа и да ја види крвта на душманот пред неговата да истине во жедните пори на збрчканата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пламенот на ревноста ми ја опфати душата и јас заживеав адски дни...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Трепнежот од пламењата на свеќите му ја бришеа трагата и намерата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во меѓувреме на скалите се појави жена му со запалена борина в раце, таму подзастана чувајќи го пламенот од ветерот и кога го смири, ја крена борината над глава да види што станува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тупотат со копитата Удираат во земјата, во каменот Ја враќаат довербата во пламенот Со кој внимателно треба да се ракува Пред да се потпали летото Пред да легнеме на ледина Да се одмориме.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Кафеаната е празна и нема кој друг да им помогне да не згасне во нивните звучни кандила вечниот пламен на љубовта.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И повтор предметите на себеси заличија А синиот пламен од плинот под ѓезвето не личеше веќе на оган од летечка чинија.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се исправам и можам да видам дека свеќите раснат, се издолжуваат косо и ги обогатуваат драпериите со пламен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе ја разбуди во мовот притаеноста на огнот; доживувајќи го својот златен сон, искрата ќе вивне од себе самата и ќе ја плисне шумата со пламен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го фрлил догорчето зад себе без да внимава каде и веќе ја чувствува топлината на пламенот што зад него пустоши, но тој не се ни свртува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе