плетка (несв.)

А јас не препочитувам да се плеткам во работи за кои не сум овластен да зборувам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ко лепкаец трева ни се плетка во нозете и ни ги менува чекорите и гласот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го плеткаат јазикот и на албански и на грчки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Плеткаат така подмакани до лакти во ракавите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мене почна да ми се плетка јазикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се плеткаат, се удираат една со друга и една со друга си пречат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нејзините очи се сретнаа со неговите и јазикот почна да му се плетка, но погледот му остана втренчен и не можеше да се откачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
6. НАДВОР ОД ОРОТО МНОГУ ПЕСНИ ЗНАЕ - мелодија тананика, но зборовите му се туѓи, а на оро штом се фати ќе почне и да се кае дека нозете му се плеткаат по тактови други...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Сепак, не бев таков тип на девојка, во принцип мразев туѓо, не давав свое, не се плеткав со двајца од исто друштво или роднини, избегнував бивши на другарки и на братучетки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кучето му се плеткаше галовно - де пред него, де зад него - зарадувано дека домаќинот и домаќинката се вратиле.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Милка не може да си дојде на себе, се крши во себе и во снагата, си ги плетка рацете и не знае кому да упати друг вресок.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сонцето што се плеткаше веќе по дрвјата од бавчите со стотина лачи удираше во валканото џамче и ја откриваше просторијата, односно одајката, како гостинска одаја од нејзиното сеќавање: џам, да, џам, леле Господи! И ќумбенце, и врата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Само забележуваше дека во слободното време, додека се моткаше во неговото ателје, се плетка во работата на неговите помошници, кои беа постари од него за цел образован степен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сосема е јасно дека Твојот текст за Елен Лејбовиц и не можел да се опредмети, да се запише, поинаку освен како епистоларен роман: сосема старовремски и (оттука) зачуден книжевен жанр со кој, сигурна сум, не си дури ни помислувал дека ќе се плеткаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Стереотипно? Ех, ми се плеткаат сѐ некакви европеизми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не поминав ни петстотини метра кога гледам и една друга трага се плетка со трагата на зајачето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тука е и широкиот предел на летото што трепти врз ретката 'рж што се плетка во ченките што чади над возбудените трмки босилекот што ги прибира.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И ние одоколу вртиме. Кажуваме, ама се плеткаме, тревлиме. Не знаеме како да кажеме. Е, вака, така, некако нѐ разбра жената.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе