плоштина (ж.)
Но затоа пак, одлично ја пресметуваше плоштината. Секој милиметар квадратен.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Пишување називи на хемиски соединенија а) Сложените називи на хемиските соединенија на кои составните компоненти им се поврзани со составната самогласка ‑о‑ се пишуваат слеано: бромоводород, јодоводород, сулфуроводород, хлороводород, флуороводород и др. б) Сложените називи на хемиските соединенија на кои составните компоненти не им се поврзани со составна самогласка ‑о‑ се пишуваат разделено: алуминиум хлорид, бариум сулфат, јаглерод диоксид, сулфур диоксид, калиум цијанид, метил алкохол и др.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)