пневматски (прид.)
Го свитка во ролна купчето хартија што го заврши и го спушти во пневматската цевка. Поминаа осум минути.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додека Винстон работеше, од пневматската цевка испаднаа уште три пораки, но беа едноставни и тој се ослободи од нив пред да дојде времето за Двете минути омраза.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Што точно се случува во никогаш невидениот лавиринт до кој водеа пневматските цевки, не знаеше во детали, но знаеше во општи рамки.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Приближно пет години потоа, во 1973, Винстон развиткуваше едно купче документи кои штотуку беа испаднале од пневматската цевка на неговата работна маса, кога наиде на парче хартија кое очигледно било ставено меѓу другите и потоа заборавено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Штом ќе завршеше со секоја од пораките, Винстон ги закачуваше своите диктографирани исправки на соодветниот примерок на „ Тајмс“ и ги спушташе во пневматската цевка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон притисна на телекранот за „стари броеви“ и го побара соодветното издание на „Тајмс“, што се лизна од пневматската цевка по само неколку минути чекање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)