победен прид.

победен (прид.)

И покрај сѐ, осеќам дека уште сме приврзани од заедничката судбина на победени и навредени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Каков презир во вашите насмевки за покорните погледи на победените и какво спокојство во погледот на соколот што на раката ви седеше.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Победениот во спорот треба да биде осуден да му ги плати и трошоците на победникот!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но и не призна дека е победен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Одбиваше да прифати дека е природен закон поединецот секогаш да биде победен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или ќе биде победена однадвор, или управува толку неефикасно што масите се креваат на бунт, или дозволува да се формира силна и незадоволна средна група, или пак ја губи самодовербата и желбата да владее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И Мече тврдо заверува дека чудовиштето ќе биде победено.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Народот на победената империја, како и другите народи во нејзиниот состав, запаѓаа во долговечна мачна изолација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беа тешки повоени времиња. Фашизмот беше победен. Комунизмот објави нова ера.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Везирот го испрати Цреповиќа и го пријави следниот дипломат, со краток доклад што бара: – Шериф Абдула, пратеник од персискиот шах моли милост за сина му на шахот што се наоѓа како сужен кај нас. – Десет илјади златници – отсечно проговори султанот и ја заврте главата настрана, не сакајќи понатака да зборува со претставникот на победениот шах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Верувај, победен сум од пластелинот на љубовта.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тогашните стратези на комунизмот, под плаштот на сталинизмот, го мислеа истото, но јавно не го изразуваа: „Козите можат да ја поттикнат контрареволуцијата на победената класа”!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека гледаше во моќните раменици на О'Брајан и во неговото лице со груби црти, толку грдо а сепак толку цивилизирано, му беше неможно да поверува дека тој може да биде победен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И по победоносните Пунски војни, патувањето на Катон во Картагина го убеди дека победеното мало царство на северот на Африка и натаму остануваше закана за Римската империја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овде е победен психологизмот кој во XIX век ја уби народната уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите овие луѓе на кои партијата им беше ветила блескава иднина, само да слезат од планините – за да станат нова класа, работничка класа, силна, челична, виорна, примерна, бестрашна, непобедлива – да ѝ зададат смртоносен удар на победената класа, на нејзините остатоци.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бидејќи непријателите мораат да бидат победени, нужна е една решителна битка по која движењето ќе завладее со светот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ќе нема смеење, освен ликувачкото смеење над победениот непријател.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако еден организам наиде на друг доаѓа до борба и победникот го голта победениот со што ги стекнува сите ресурси кои се затекнале во жртвата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вратата од гаражата се затвораше и ние, победените Команчи, остануваме внатре, само во темнината.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повеќе