победи (св.)

Единствената победа е доколку се преживее во овие тешки времиња, доколку се победат господарите на границите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За да се исполнат нашите сакања требаше да се војува со Турција; само по победување ќе можеше да се натера Турција да ги исполни нашите сакања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа се надеваме дека книгава ќе им даде храброст и потребно знаење на македонските работници на кои им се ускратени или прекршени работничките права – тие да поведат и да победат во институционалната битка за нивна заштита и почитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ја откри силата на стабилната емоционална личност која победила во многу битки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Исцело бевме посветени на вербата дека ќе победиме иако секаде губевме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Научи да свири на пет музички инструменти, победи на неколку меѓународни натпревари од различни области, освои прво место на еден маратон и направи самостојна изложба на уметнички фотографии.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Стравот на сиромасите како да можеше да се победи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се разбира мојот тим победи благодарение на мојата игра.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А дали ќе победевме ако ја осудевме Југославија?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За нив е сосем неважно која страна победува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А тука беа ридои голи и долу Човек пеејќи ги успиваше лилјаните в поле И жени стоеја до Светото дрво И редеа: - Кој ќе го прескочи Светото дрво Тој ќе управува со божилакот И ќе ги победи сите болештиње и води.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Беше во најубавите години кога се знае и се чувствува полната вредност на животот; ги победи сите противници и беше помоќен од кога и да е порано; со длабочината на својот пад можеше да ја мери височината на својата моќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Срцето му се стегна кога помисли на огромната сила што е построена против него, на леснотијата со која секој партиски интелектуалец би го победил во евентуална дебата, на суптилните аргументи што тој нема да биде во состојба да ги разбере, уште помалку да им одговори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оттаму, дијалогот почнуваше да ни личи на панаѓурските теглења јажиња во коишто победуваше секогаш оној од едната страна на линијата, а самата кулминација неодоливо потсетуваше на еднострана сексуална катарза.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Опитен беше во расправи и бевме чуле дека сите со кои беше расправал ги беше победил со разум, ум и божја верба.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Живееше во симфониската тишина која умееше да ја оркестрира во животот, победувајќи ја горчливата осама крај верните таткови книги, наспроти разбеганите чеда, за кои сметаше сѐ уште дека ја беше испратил бог во животот да ги доварди, да ги спасува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога упорноста ќе биде посилна од очајот, кога тагата ќе ја победиш со насмевка, а смиреноста ќе го смири немирот.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во ниту еден шаховски проблем уште од почетокот на светот црниот никогаш не победил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе