победнички (прид.)
И тоа бргу бргу ќе стане олимписка дисциплина Сосе опасноста од разводнување заради геслото Дека било важно да се учествува кое на исток понекогаш се доживува И како изветвен еуфемизам за неуспех и предавање Тоест кршење на победничкиот дух со кој се натопени
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
И победничките империи го наметнуваа својот поредок.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Поетскиот хуманизам (а тоа е чинам вистинскиот збор за она што ја покренува и усвитува прозата на Чинго) во името на кого авторот толку дискретно и толку ненаметливо прозборува за човечките судбини на својата избраздена пасквелска земја е само еден од видовите на растреперениот и честопати трауматизиран сензибилитет на модерниот човек пред сето она што таа иста современост во својот незапирен победнички настап го донесува како перспектива и ослободување но и како страв од нови опасности и беспаќа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Родот на тој човек, кој си живеел среќно, попаднал во ропство на некој друг род; победничкиот цар, прво што направил, заповедал да се соберат сите штички што зборуваат и на клада да се запалат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Судбина... Во тие зборови немало ни победнички призвук на докажана мудрост ни разочараност; според неговото сфаќање, сѐ се движело по однапред определени простори со свои тајни и неизбежни законитости.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Плачеш ли? Знаев дека во очите на беспризорните ќе пораснам и со победнички поглед го побарав Пенча.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Другарот Чапаев продолжи со истиот занес: - Ние не ќе можеме уште долго да живееме со победничката еуфорија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Со песни и пароли, со строев чекор и со раскажувања за херојски и победнички битки го јакнеа нашиот дух и секој ден си игравме војна.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тоа заедничко чувство силно ги поврзуваше. Беше тоа заедничко победничко чувство во поразот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се разбира, не се бореа ни луѓето, коњите, како Крали Марко и Лутаца Богдан, ами ги удираа двете шишиња и чие шише ќе се скрши, таа група се враќаше и се придружуваше кон победничката, така што оваа стануваше поголема.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Погледот горд и безмилосен, гневен и убиствен, огнен, суров прониклив, победнички, исполнет со вера и само што гром и оган не паѓа од небо за да го спепели непријателот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Луција беше возбудена: трепереше, не им веруваше на сопствените очи, велеше дека е тоа чудо; потем тргна од салата кон училиштето да раскаже што видела а јас ја стигнав на излезот, и одеднаш, без да знам зошто и без да знам од каде ми е таа сила, ја плеснав по задникот, сосема безобразно, оти ме беше опфатило некое победничко, раскошно расположение и ѝ реков: „Нека се качи на скалите така, ако може, твојот здрав народен дух“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Татко и Камилски беа во прекрасно, победничко расположение, дојдени до крајот на мисијата, коешто тешко можеше да го разбере некој друг, освен тие двајца.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Еве, и ние, веќе неколку години не можеме да излеземе од победничката еуфорија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко веруваше дека, во својата Историја на Балканот, ќе најде начин да им се спротивстави на победничките истории во кои се величаа старите и новите граници, се бараа нивни промени.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Затоа што Штраус и Момзен го беа впрегнале севкупниот углед на универзитетите во служба на победничката Германија, нивните француски хомолози сметале дека веднаш мора да се одговори.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Чанга се врати! Ечеше неговата песна во градот, како некогаш револуционерните, победничките. Долетаа и козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Веќе некое време учествуваме во победничкиот поход на две претпоставки, концептот за неминовноста на демократијата со пропаста на диктатурите, и концептот за неминовноста на пазарната економија, со пропаста на системот на централното планско стопанство. 6 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А врвот ќе биде освоен со нашето победничко знаменце.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Победнички одмор на врвот на планината. Александар и Букефал по освојувањето на Персија.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)