победнички (прил.)

Нараторот би ризикувал да ја преземе обичната улога на симболичниот татко, доколку прогресивно не заземал критички став кон тој што ќе го именува како „голем губитник во сите победи и во сите порази со кои е обележана историјата на Балканот”, но затоа ќе биде во можност да ја нијансира својата мисла во друг момент: „Но, во секој од своите порази, неговата душа ќе биде победничка.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нивниот кираџија, руски емигрант и продавач на мали гипсени фигури премачкани со црвена и златна боја, познат под името Генералстап, победнички се удираше со големата тупаница по разграштените влакнести гради и во бас со смешен јазик говореше: - Вода, вода! Мачки, мачки!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Задолжените партиски кадри страхуваа дури и да мислат на ова пријателство, зашто меѓу татко ми и Чанга се случуваше ток­му она против кое тие се бореа: поврзувањето на поразената класа и победничката класа преку козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од каде доаѓа и кон што лази? Доаѓа од нејтемнато минато и се движи победнички кон крајот на човештвото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Марин Крусиќ пак се исекна. Се исмеа, кивна и гледаше во Сандри помалку победнички отколку да го кажеше сето тоа кога не ќе беше солзлив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Се сетив, - победнички викна шишкото. – Иако петлето на дедо ми не киваше, еднаш... - Што еднаш?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На сивото лице, мазно и рамно како порцеланска чинија, победнички се прчеше голем, розов нос.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кај си на Велес, Соколе! - извикува Боце и гледа победнички наоколу.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)