побели (св.)
Се кревам, а надвор — цут, цут — сѐ е побелено околу пругата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дејгиди моме од ЕЛЕМ од мразој ми коса побеле знам сила Бога не моли ѕемнам цел ден по јамболии Ах мори моме од ЕЛЕМ имам проблем преголем в темница книга пишувам пареа од усти издишувам Студ ми влезе во душата камен се стори срцево во зимските дни студени знаеш ти да ме ИЗГОРИШ Зошто ли зошто се продаде в туѓи раце ти отиде и џебови мој ти запусти Џевад за џабе те користи
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Дали од дождот или од тежината лицата им се искривени и побелени.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во тие бујни побелени коси се криеја големите архиви на балканската историја на нашето семејство во егзил, на илјадагодишното страдање на Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во дрезгите го најдовме и песот што збесна ланската есен и што растрчуваше низ полето со бела пена, ко сапуница на муцката. Коските веќе му беа побелени од снегот и од дождот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Командирот го прочита полномошното и како крпа побеле.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ми се сноваат луѓето оголени и побелени, мислиш мртовечки глави носат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А може само мене ми се стори дека му побеле косата. 215
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Надвор имаше виулици и од снегот беше побелено сето крајбрежје.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Стојан, кој сѐ уште има отворена и загноена рана, со дланката го трие образот што вчера му побеле од студ. Секогаш е гладен.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш можеше да се забележи; веѓите и косата му беа побели од забите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Топлината на пламенот го совладуваше; кога ги склопи очите се смири, чедно побеле и остана детски насмевнат.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се собираме и се џариме, побелени во лицата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Среде темнината и студот на ноќта во која тој сѐ уште чекореше, оти сега и топлата селска куќа беше исто толку далечна колку и сеќавањето, тие нејзини гради светнаа за миг, побели и помеки од снегот под неговите нозе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Додека преминувавме преку ливадите кон дома местото околу нас беше побелено. Паѓаше снег како спроти Свети Никола.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Пред шест години неговиот професор ја затече својата жена со еден маж пожарникар - млад русокос вол и со оперетска насмевка, ја затече гола како вистина и побеле за неколку ноќи. После, по една очаена решеност на полулуд човек, му го испираа отруениот стомак и се бореа во болница да го спасат; студентите се чудеа: ако е веќе курва зошто ја остави.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Побеле, ко да го наврна снег, ко да му падна сињак на косата. Така, дури стоеше пред мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе побелиш во косата, ќе останеш почетник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)