побрка св.
побркан прид.

побрка (св.)

Ја побркал мерата дури кога син му нараснал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Младичот и Иван никој не ги побрка.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ќе ме учел како јас сум го побркал времето.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Можно е таа да се побрка со историјата која ги поврзува техниката и логоцентричната метафизика веќе три милениума.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Е, ама имав врски и две-три попатни провокации, и грижа како за кралица, па сум ги побркала лончињата мислејќи дека ова, третово искуство, ќе биде еквивалент на несење јајце од една кокошка во поодминати години.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Та затоа вујко ѝ вели, да не ми си побркаш к'сметот шо ми та дошол дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)