повев м.
повева несв.

повев (м.)

Еве ја онаа долга улица што се мрешка од ладниот повев на тихото помирено сознание: овие мали прозорци беа полни со сон и младо утро во гранките што се препелка и имаше во нив очи со густа сончева прашинка што ја постилаа штедри пред нашиот припитомен од
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Треперат зелени иглички борови... а низ нив сјае сончевината и некаков повев распеан...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Цепнатинка во каменот и во неа - цвеќенце. Треперат листенцата во топлите повеви на ветерот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ветрина навевува сува студенина и сѐ повеќе стега мразот во студенливите повеви на северњакот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, за некои е доволно да минат покрај „Мулен Руж“за да ја задоволи суетата дека минале покрај оваа прославена париска витрина на голотија и што предизвикува повеви на разни асоцијации.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ладен повев му го гибнува лицето на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И ВИШНИ БОРЈЕ нежен планински повев посакуваат... - Ништо не е сменето тивко шушка МОЛИКА...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се стресе. Нов повев на студенило.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само снегот под скинатите цокули крцка та кцрка и од гранките, по секој посилен повев на ветерот, се рони студен шушлек.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одвај забележливо, полецка, со лесните повеви на разиграното лисје и нискиот лет на птиците, во котлинката се спушта свежа и лесна шумскопланинска квечерина. Надоаѓа лазурно-розова, шареникаво-сина, питома и тажна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Дали насон или на јаве разденувањето мириса на ливади косени, на класје пред жнеење стежнато? Откај Езероно ниту повев ниту ветре...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Пламенчињата од запалените свеќи, треперејќи во лесните повеви на ноќниот ветрец, бледо го засветлуваат оболеното лице на Ѓорѓи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На Глигора му се стори дека овој ладен повев како да избива од тешко залепеното на прозорецот стебло од палмата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во лесниот повев на ветерот треперат пламенчињата и шират светлина над мракот во кој трае тишината што само намерници ја разбрануваат со длабоките потајни воздишки и тивките молитви на незаборавот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од секој напишан збор вееше далечен повев откај дедовата ливада... копнежливи зборови што умеат да ги напишат само девојчињата во време кога уште играат со кукли, а во очите им заигрува чудесна ѕвездена светлина...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ја поднамести десната рака, а левата ја префрли така што да ја засолни од ноќен повев, да ја стопли со пламенче во неговите гради разгорено.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)