повеќевековен (прид.)
До 1878 бугарската пропаганда во Македонија имала предност во однос на другите две пропаганди поради фактот што дотогаш Бугарија и Македонија биле во рамките на Османлиската империја и заеднички воделе борби за национално ослободување од повеќевековното османлиско ропство и духовно ослободување од стегите на грчката патријаршија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
150. Кралот Марко (ок. 1335-1395) е последниот крал што владеел во големиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани и станал најпознат јунак на епското народно творештво не само на Македонците, туку и на сите јужни Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ана Ливиа, полски книжевен критичар Градот во кој се случува дејствието на романот Времето на козите не е голем, но над него доминира Тврдината која го симболизира повеќевековното владеење на многу Империи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко претпоставуваше дека, во Битола, се криеја сиџилските шифри на повеќевековното отоманско време.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)