повика св.
повикан прид.

повика (св.)

По завршувањето на програмата, нас неколку, нѐ повикаа на коктелот за слободните офицери.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме повикуваш, во улога на сведок?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ако таа пропаганда се восползува со сплеткарења против нејзините непријатели, тогаш интелигенцијата треба да му го објасни на народот недостојниот образ на работењето на таа пропаганда и да го повика самиот да си ги брани животните свои интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
1. Не гасне светлината на тој гласот да го запрета свој во молк што треба пред големото зло од друго зло што иде во мугрите на виделото Тоа што сенката од нив да му ја изгони сака Сега е веќе мигот да се замине што повикува со стариот копнеж на битието во трепетот на крвта Будната роса на челото светлината на утрото ја позема пат правејќи низ мракот Вика гороцветот со муграта во пазувите
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Едно утро, тој ги повикал и му рекол на поголемиот син да се скрие в долап, а помалиот го испратил да им каже на снаите да дојдат да го видат.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Можеби памтењето намерно ме лаже не е исто да се доживее и да се раскаже можеби сонот е фатаморгана и сонувачот можеби оние кои ме повикаа морето да им го вратам барем со збор и не се веќе риби можеби се реслови од некој дамна свршен лов или од оргијата која претстои меѓу морските широчини на овој од себе заведен свет како и да е јас и понатаму времето го мерам со сонот нив ги препознавам во нешто сосем лично и се одвикнувам од животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Уште повеќе, Бароуз тврди дека психоделичното доживување не е минливо искуство на измената состојба на свеста и дека бројни доживувања можат да се повикаат во сеќавањето многу подоцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со тешко срце ги зготви и ја повика на вечера половина зграда.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Не е извинение за бугарскиот народ и тоа што недостојните дипломати ѝ припаѓаат на оваа или на онаа партија и кнезот се ползува со повикувањето на власт, по лични наоѓања, ту една ту друга партија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Уште пред капитулацијата на кралската југословенска војска, нацистичка Германија ја повикала Бугарија да окупира поголеми делови од Македонија и Јужна Србија, со единствена намера да се ослободат германските единици за натамошни воени дејствија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Посакувам да ти ветам бесрамнику Штом студен здив твој сетам Секој мој стих повикува на двобој Мунковски испиен блед лику И ќе го вплетам во тебе знај Ко игла со која Дервишот Ја докажува моќта на потсвеста Гласно во овој миг велам – Иш Искреноста е мудрата сестра Направи трик – исчезни Да го почнеме од почеток нашиот крај 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ја повикува и довикува не со гласот, зашто гласот се беше претворил во липтеж, ами со дланката завиткана во бел окрвавен завој.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка еднаш му призна на Татко дека во сништата постојано го повикува нејзиниот полубрат кого го сакаше повеќе од цел брат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Башмајсторот ги повика сите малтерџии и тие му кажаа сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но и без тоа тој бил повикан во последен момент од Водачот да реферира за иднината на Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше повикан во Стамбол и таму беше невернички убиен.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бабата Русинка нѐ повика да влеземе во собата, а ние срамежливо ја подотворивме вратата и влеговме со козлето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За да се постигне утописката цел повикани се козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На секој половина час црковните камбани повикувале за будност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Секој човек си има свој внатрешен учител или водич, него само треба да го повикаш и да го слушаш, да слушаш: тој кога те подучува не оди никогаш против тебе!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе