повод (м.)

Зар за овој свет Мајкин повод, за една нејзина книга од библиотеката која постојано носеше опасни книги, да го рече за прв пат своето „не”?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Долго не сакав да седнам на масата каде што се ручаше, по повод оваа веселба, иако во кујната неколку пати ме искара тетка Рајна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нека овој наш краток разговор биде повод за подолго размислување и настојување да всадиме кај сите луѓе во светот желба за среќа, еднаквост, радост и мир. Мир за сите!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А по тој повод ни делеа значки по школите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Требаше да постои голем повод за средба со него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сарафовиот комитет им давал повод на многумина што биле убедени во потчинетоста на Врховниот комитет кон дворецот и бугарската влада да тврдат дека зад Сарафов и неговите пријатели стојат бугарските штикови и дека револуцијата што се подготвува во Македонија е управувана божем од Софија и ќе започне со знак даден од кнезот Фердинанд и неговата влада.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Баба ми по тој повод напиша тажна песна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Зарем смееме без посебен повод да се правиме недоветни прашувајќи: Случајно некого да не очекувате?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Барокната свеченост по повод човечкото преминување во непознатото обележана е со споменични градби или ликовно јасни симболи на предмети како некакви амблеми на протагонистите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се случуваше и други вечери Татко да донесе некоја од своите книги како убав повод да го продолжи разговорот со Мајка на чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Изгледа тогаш Трајчеица сѐ уште не беше зацапана во генералот, или уште беше загрижена за чистотата на своето име во идната живеачка како вдовица, па не сакаше да дава поводи за озборувања и други какви било приказни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бараа само начини и поводи за пиење.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во весникот Вечер на насловна страница излезе текст со наслов „Македонија увезувала сперма по цена од 1000 евра” па оваа тема ми даде за повод да дадам една идеја која оди во спротивност со онаа на државата да ја увезува таа течност која живот значи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Солунските атентати властите решиле да ги исползуваат како повод за да истераат, по можност, што поголем број македонско население од Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Парничните трошоци ги сочинуваат издатоците направени во текот или по повод на постапката, а тие ја опфаќаат и наградата на противничкиот адвокат, како и на другите лица на кои законот им признава такво право.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
89. На Мисирков секако му правело впечаток тоа што ТМОРО во своите основни акти имаше една „интернационалистичка” платформа, а во своите практични настапи им даваше повод на некои набљудувачи на движењето да ја сметаат како експонент на бугарските цели во Македонија, бидејќи го опфаќаше претежно егзархиското население, ги толерираше егзархиските цркви и училишта, а им се спротивставуваше на другите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сметајќи ги за револуционерен и „опасен“ елемент, властите решиле да го исползуваат поводот што го давале атентатите за да се пресметнат со нашето население во Солун и што поголем дел од него да истерат или да го принудат да го напушти градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но на крајот заклучуваше дека сепак е најдобро, веќе да не ја отвора касата, а да не дава повод други да ја отворат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден од поводите да го направиме овој мал тематски блок беше и овогодишната Летна школа на архитектите што се одржува во манастирот Јоаким Осоговски.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Работата на Судот била тајна, што давала повод да се прават разни претпоставки за објективноста во водењето на истрагата и на самото судење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе