повторен прид.

повторен (прид.)

Но по повторениот германски напад, известува новинарот, градот Дебар повторно паднал во рацете на Германците и балистите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Зборот замок асоцираше на големо богатство при што следуваше повторна реакција.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Може ли поетот, откако ја запишал (или напишал) песната, да ја остави меѓу своите ракописи, да го одлага, свесно и потсвесно, речиси да го одбегнува, со години, навраќањето на неа, повторното читање нејзино, допишувањето?
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Почна повторен терор кој главно беше насочен против Македонците и нивните придобивки да имаат свои училишта, весници и своја богослужба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Денес во Бугарија се излеваат околу 3 милијарди кубици загадена вода, која не е за повторна употреба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бидејќи од последното осовременување на македонскиот правопис се поминати, речиси, 20 години, сосема е јасна потребата од повторно дополнување на Правописот на македонскиот јазик.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Го шмукав јазичето со мирис на ркулец заглезден во влажна почва и со киселкаст вкус на штотуку зазреана мушмула, чувствувајќи ги на образите усните со кои на горниот и долниот дел во една колку вистинска толку замислена точка, се спојуваа нозете на Ема, и тогаш ми се чинеше дека тие усни, кои никогаш не кажале ништо, ниту ќе кажат некогаш нешто, а толку многу знаат да кажат, и толку многу сакаш да ги чуеш барем еднаш да проговорат, без оглед дали ќе те фалат или ќе те кудат, ме подземаа со слузта што благо ме облеваше внесувајќи ме навнатре со сѐ позабележливото поткревање на телото што лежеше под мене, со можеби инстинктивното поткревање нагоре, и повторното спуштање, во ритам што беше дел од нашата игра, од нашиот живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога врчвата ќе се преполнеше, сама ќе се навалеше, па ќе се клапнеше, чукнувајќи по работ на каменот на малиот базен под неа, ќе се превртуваше удолу, за да се испразни од водата, според законот на физиката, па бидејќи беше празна повторно ќе се исправеше под чепот на бурето, за да се поднамести за повторното полење...и сѐ така во круг...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Подобрување во споредба со 2002 година е повторното воведување на можноста вработените да се стекнат со акции бесплатно или по повластена цена, ако тоа биде предвидено со статутот на друштвото.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кај намерникот не остава незаборавни впечатоци и желба за повторна средба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На тој ден Лоте секоја година го слави својот повторен живот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Збирното траење на овие два сукцесивни процеса за исто фактичко прашање, пред Основниот суд Скопје II, беше околу девет 40 години – со две негативни првостепени пресуди кои беа обжалени, па со повторно враќање од Апелациониот суд Скопје на ново судење, за да конечно третиот пат добијат позитивна пресуда во нивна корист.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секој запис повторен доволно пати на звучната лента ќе може да се чуе 280 свртувања во секунда на звучната лента ќе произведат еден звук, додека портретот на Бетовен повторен педесет пати во секунда на звучната лента ќе има не само различна висина, туку и друг квалитет на звукот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Повторното освојување на Македонија од страна на Римјаните имало катастрофални последици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Мали јата ластовици се креваа нагоре и се спуштаа, повремено зацрцорувајќи, среќни заради повторното враќање во стариот крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од овој одговор на татко ми не разбрав ништо повеќе и ми беше јасно дека ќе морам утре да го дочекам повторното доаѓање на тетка Рајна и неа да ја распрашам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повторното ѕвечкање на чинијата врз масата, кое доаѓаше од стомакот на тетка Марија што се тресеше од смеење, ја потсети на лутината, па замолчи и пак луто ја погледна снаа ѝ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ноќта беше сведок на повторното крунисување на љубовта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Големата неизвесност и страв од повторни астматични напади висеше како дамоклов меч врз главата на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Очигледно беше дека оној вид средба што се случи тоа утро не можеше да биде повторен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе