повтори св.

повтори (св.)

— Дојдено е, велам, сѐ е така дојдено, повторувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ајде дома, вели дедо, и затворите се за луѓе, повторува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ајде, повтори го тоа“ ѝ рече мама.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Историјата му помага на секој народ да си ги види грешките што ги има правено и да се чува да не се повторуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нож, повтори и мислеше дека рекол смрт. Нож!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Проклет да бидам, сеедно говореше; повтораше, бладаше: - Мајко, мајко, мајчице моја! - непрестајно ја бараше, видов, видов, проклет да бидам, на неговото лице повторно се јави онаа негова неизбришлива, голема смеа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Курирот ја сврте светилката кон местото од каде допре гласот и го повтори светлосниот сигнал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не сакам да размислувам за она што со години се повторува на првиот училиштен ден!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Околу шестотини партизани во моментот се без, повторувам, без опрема и уште повеќе се очекуваат наскоро.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Така низ целата историја се повторувала борба која во своите основни црти секогаш била иста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зборот пеш го повторив и силно го подвлеков не случајно и не без причина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не велеа ниеден збор, тој остануваше само по неколку мига крај секоја нова група, онака заздишен, кога ќе ги видеше нивните избегани погледи тој уште веднаш продолжуваше понатаму, крај другите, третите, повторувајќи ги само оние свои пусти лудечки движења со своите раце, со тие огромни празни рачишта, навраќајќи по стотина пати во денот крај секоја група на тие темели, проклет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сменуваа сушици и припек и само во југовина сѐ што се движеше пееше услиши господи и херувими а воздухот повторуваше со години секој збор и секој глас.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Којзнае колку пати го повторивме орото и сега ќе си одиме на спиење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега им стави хмељ и вода и истото старо чудо пак се повтори.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
3. Време, Човек Драма, Сатурне: Јас станувам носечки лик, противник Ти почетна сила, нагон кон целината; Јас тапкам одовде-донде Ти кружиш цикличен, прстенест; Јас им се подбивам на повторувањата Ти повторуваш, ретко но редно демонски син-хроничен, цел; Јас бришам, ишкам епохи, слушаш ли, епохи, ех да можам да летнам Ти гледаш од високо пишуваш и леташ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од прво одделение нѐ тераа да цртаме храбри партизани и курирчиња и на сите ни беше смачено кога моравме за секој празник да цртаме као партизаните со петокрака ѕвезда на капата пукаат во Германците и ги победуваат или пак, ќе ни дадеа состав како курирчето Славко ги надитрило Германците, се разбира, тоа секоја година се повторуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не знам од која причина но тој ги повтори уште еднаш познатите наоди: дека вратарот изјавил оти преку ноќта портата не ја отварале а и утринава ја нашле заклучана; притоа и објаснувањата што ги добил од дежурниот лекар Јованов се движеле во слична насока.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Боге попушти да притиска на педалот за гас кога стрелката на патот му се изгуби пред очи, но колата ги фаќаше свиоците како нишалка на рингишпил - тамам мислиш ќе излета таа ќе се врати и ќе се исправи, и во наредниот момент е подготвена да ја повтори истата игра на другата страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тропањето се повторува и татко запира да ги мрда вилиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе