погледне св.

погледне (св.)

Луѓето се погледнуваат меѓу себе, готови да го фатат излезот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ете, погледнете го нашиот комесар на четата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Погледни онаму, чади - покажа преведувачот. - Одиме да видиме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Погледна лево, десно, не виде никого.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја погледнав зачудено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Погледни колку расплакани лица остави зад себе...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не можев да ѝ погледнам во очите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Погледнав тогаш во машината, и го видов воврен во валјакот белиот лист, со последната реченица напишана на него: „Мислата на бунарот ми стана принудна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Погледнав низ прозорецот, зашто слушнав стапки по патеката.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ползата за народот од научното работење на нашата интелигенција ќе се види од тоа што нашиот народ сам со свои очи ќе може да погледне на себе и на другите народи, ќе ги изучи своите и туѓите достоинства и недостатоци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исправете ги главите и погледнете в очи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Братучедите зачудено го погледнаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги погледна двајцата уште еднаш и рече: - Деца, - рече, - штом како човек ме прашувате, како на луѓе ќе ви кажам:преку планина ни пиле не може да прелета.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Само се снебиваат и жално, о боже, колку жално, ме погледнуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ако ги погледнеме настаните од последната руско-турска војна досега ќе видиме оти секоја арнотија од Бугарија за Македонците не е ништо, освен една компензација за глупостите што ги има направено Бугарија по нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога стадото замечтано од ливадата зачудено ќе ме погледне а малото овчарче ми мавне со раката Таго на детството напуштено Тоа ти ме викаш назад во своите сонливи длабочини.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Треба да има луѓе што можат пошироко да погледнат на прашањето и непристрасно и без занос да ги измерат резултатите на секој еден чекор на комитетските работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- А ти не се плашиш ли? - Па, не знам. Но сакам да видам како е горе. И да погледнам оттаму. Никој досега не погледнал...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога Филозофот погледна во чудното сочинение на масата, се насмеа; за првпат откако го видов, се насмеа и потем рече: „Сочини препис на ова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе