подигне св.

подигне (св.)

Подигна глава. Високо - облаците поцрнуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тешко би можело да се најде друг пример во светот кога народот на едната вера бара да му се подигне храм на верата од другиот народ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И сите со ѕуреа од санките, видоа како куклата се подигна.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И, што да види: автомобилот стои скоро попречно на калдрмата со отворена врата од страната на шоферот, а позади него настрана падната чеза и коњот кој виси малку подигнат над улицата закачен за неа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не еднаш Русија ни има речено оти таа не ќе пролее ни една капка крв и не ќе ни даде ни најмала материјална помош ако ние Македонците подигнеме востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се фати за рабовите на одарот и со треперење се подигна на своите ослабени раце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го сети тоа свое испраќање како стои тука во таа безгласна застојаност, и сѐ, што можеше да стори, беше да се наведне и да го подигне на своите раце тој свој малечок другар, што и сега почна да му ги лиже прстите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Полека да крка на спуза сѐ додека не се подигне кајмакот и кога просторијата ќе се наполни со мирис, тогаш се тргнува настрана, малку се остава да одмори од вриењето и полека се сипе во филџанот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но во искажувањата од овој вид не е содржан подигнат тон а не е присутен ни призвук на незадоволство а уште помалку навестување на побуна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Револуцијата напролет само ќе нѐ уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нѐ натераат нас да се дигаме, а после ќе нѐ остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега тоа ја подигна опашката и од таму се стркалаа неколку ситни црни брбушки и паднаа на подот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Издавањето на овој весник не можеше да им се бендиса на српските шовинисти, затоа српските весници подигнаа шум против издавањето на „Балкански гласник” обвинувајќи го неговиот редактор за сочувство на македонските комитети, како резултат на кое тој беше протеран од Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го подигнува и полека го изнесува на суво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Старичката се подигна на прсти и, ставајќи рака на уста, му шепна на уво: - Моча, моча во постела...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа волкот просто ја имаше во својата уста неговата крв и трепереше од нејзиниот вкус, а во тоа имаше и една таква безизлезност, што тој не беше во состојба да не се подигне од петици, речиси маѓепсан од едно такво ужасно навестување на една ваква чиниш од самото дно на пеколот извадена и зачекорена и наеднаш толку необорива вистина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Развојот на Translation Studies како научна дисциплина би требало на некој начин да го подигне нивото на дискусиите за преведувањето и ако воопшто постои некој критериум за проценување на преведувањето, тој да биде етаблиран внатре во самата дисциплина, а не однадвор.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тука, под замаглената светлина на батериската светилка, ги проверуваа воените и офицерските книшки и потоа со тивко шушкање се подигнуваа гранките и ги пропуштаа дојденците во тунелот осветлен со две газиени ламби.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пак зема тесла и отсече ми главата, и не могох веќе да си подигнам главата.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Тие околности денеска го подигнуваат едно наречје на степен на литературен јазик, утре друго итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ги подигнаа погледите кон капетанот, а очите им се собраа и потоа се раширија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе