поднебје (ср.)
И како во сите добри пародии - критичарите и кураторите ме прогласија за шарлатан, а малограѓанските колекционери се жалеа како моите слики не го одразуваат македонското поднебје кое е сончево и светло, а она што јас сум го изложил е темно и депресивно.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во поднебјето југовината црвен бајрак развејува...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
По години, веќе возрасен, по долгата, неколкугодишна разделба и средбата под туѓо поднебје, од мајка ми ќе слушнам: - Ни рекоа дека штом помини лошото децата ќе ни ги вратат и тоа по дваесетина денови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
40 Да мислеа тие, кои не поведоа, сигурно ќе немаше да стигнеме до болниците во Корча, во Елбасан, да ги слушаме лелеците на мајките кога поминувавме низ Прењес, немаше да стигнеме до Бурели и во далечни туѓи поднебја...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Со исклучок на третиот текст (кој, иако истргнат од врзопот текстови во кои се расправа за феминизмот во пост-комунизмот, дава одлична слика за феминистичките стремежи во поднебјето во кое и ние пр(о/е)живуваме), останатите текстови предочуваат дел од главните определби и настојувања на „западната“ феминистичка философија, како и нејзината поврзаност со постструктурализмот, постмодернизмот, (пост)прагматизмот, херменевтиката, феноменологијата, идеологијата, политиката.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Имаше големи, сини очи Марин Крусиќ, посини од езерската вода, меки чизми со реси, панталони набрани под колената и топла пелерина малку непотребна за овој дел од годината, и за ова поднебје, но сето тоа уште на прв поглед го издаваше неговото дубровничко потекло и работата со карваните што пренесуваа восок и волна за Леш и други градови во Албанија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А тие продолжија: Си го упропастила брашното, и почнаа да ме убедуваат дека не е еднакво житото од нашето поднебје и од нивното.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Радикализирајќи ја тезата што Монтескје ја изнесе во Духот на законот („Многу нешта владеат со луѓето: поднебјето, верата, законите, начелата на владеењето, примерите од поминатите случки, обичаите и навиките, што сѐ влијае на општиот дух што оттаму произлегува“), Хердер тврди дека нациите на Земјата - како најбогатите така и оние најсиромашните - ги краси единствен и незаменлив начин на живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Самото поднебје носи извесна традиција.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)