подотвори св.

подотвори (св.)

Детето цица, ги подотвора очињата, потклоцнува со ножињата и една мала шурка млеко му се одблиснува на обравчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку ќе видиш некоја рака ги подотвора прстите, се мачи да се пресегне, да фати некого за коса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тихо и плашливо се подотвори вратата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сфатив дека тој го пуштил мачето за да се подотвори вратата и дека ме видел пред огледалото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Само малку некаде ќе се подотвори и пак во бело ќе се завитка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш жената се тргна од влезот повлекувајќи се настрана и подотворајќи ја вратата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Почувствував дека некој ја подотвори вратата и влезе во собата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бабата Русинка нѐ повика да влеземе во собата, а ние срамежливо ја подотворивме вратата и влеговме со козлето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И во темницата скржаво ќе ги подотвори нозете, небаре вратниче од кафез со диво пиле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А како да не се отвори: на таа страница во болни риданија Рахела ги оплакуваше своите деца а дедо ми, наместо свеќа, тука оставил стракче мајкина душица кое во голема тага се сушело низ вековите и сочувало сила само тешките и позлатени капаци на Светото писмо да ги подотвори толку - колку да се чуе ужасот на пискотниците од Витлеем.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега, само да ја подотворам средната фијока од моето биро, веднаш ќе ви падне в очи иста таква шупелка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Европа ѝ ја подотвори вратата на Македонија за влез, ама многу малку!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Вратата на кафезот се подотвораше и за мене и за тие околу мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги подотворам очите со надеж дека... Тоа не е ѕвонење на вратата туку жена ми со лажичето тропка во тасот за чај. Го меша.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Почека малку. Одеднаш вратичката се подотвори и од внатре се слушна некоја прекрасна, чудна музика.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ме погледна зачудено Масим, синот на стрико Бојан, ја подотвори устата во чудо, ги ококори очите и прекорно ми рече: Какво писмо ти пратил татко, кога тој почина пред една година во Домот за старци во Катланово, го погребавме по сите обичаи на градските гробишта, му правевеме помен на четириесеттиот ден и парастос на годината од умирањето?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
таму ќе ни судат и така не засурмуваат во вагонот небаре добиток за продавање и клан, клун, клан, клун, лазаме за Софија пооди, пооди, - запри, па пак тргни, а ништо не гледаме, имаше само една дупка во отворче одозгора, над нас и не знаеш кога се стемнило, а си заборавил кога било дење, денот и ноќта си ги смешале нозете, ги избришале границите и не знаеме дали сме поблиску до денот или до ноќта, само некогаш ќе подотвори некој, ќе ти остави кофа со вода и по едно лепче - камче за да ти ги скрши забите и пак ќе ја тргне вратата, ќе го штракне лостот, штрангата, а ние ќе го топиме 118
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сака нешто да каже, ќе ја подотвори устата, ќе подзине и пак ќе продолжи да го џвака листот. Прежива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само малку ги подотворил очињата, а во нив нешто ко чад, ко облаче влезено. Ко налеиште насобрано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе