познат (прид.)

Поодувам меѓу луѓето и слушам некои зборови и како познати и како непознати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И луѓето ќе почнат да ми стануваат и познати и непознати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден трепет по местата познати зошто се игра со праменот на моите мечти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Позната е на пример синтагмата од турцизмите и башка и барабар, со значење дека не е добро, ниту прифатливо еден народ да живее изолирано (башка) од другите народи, ниту под преголемо влијание од другите што би водело до асимилација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од каде о каде доаѓаш позната незаборавна песно ти дете безнадежно ти наивно стрело од тревите и птицо на калта сува и бескрајна врвицо низ дождот врвицо сребрена игрива камењарко каде ме водиш
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во таа смисла описите на овие состојби под дејство на хашиш од страна на двајца познати француски поети се многу илустративни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Татко ми никогаш не бил многу друштвен човек и кај нас ретко навраќаа негови пријатели и познати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не е оној познат стаклен сад во кој песокот се преточува туку нешто како мало бронзено тавче полно со смог од кое тој се крева во прамен гас, согорува и исчезнува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Какво добро може да ти стори еден познат човек меѓу илјада непознати, ако сите освен него, се лошо расположени кон тебе?“, праша Логотетот со парабола умесна, оти ваистина, какво добро може да стори збор еден познат меѓу стотина непознати, како еден воин твој меѓу илјада непријатели?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имав крајно успешни настапи во познатите солунски локали и околните живописни приморски места.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Негова цел беше да стане познат стручњак во некоја област од медицината.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На вратата ме чекаше лично тој, Величковски, со неговата позната лигава насмевка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таму беа секогаш на штрек да не бидат забележени од некој познат, но и од настраните воаери кои се појавуваа во мракот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знам од која причина но тој ги повтори уште еднаш познатите наоди: дека вратарот изјавил оти преку ноќта портата не ја отварале а и утринава ја нашле заклучана; притоа и објаснувањата што ги добил од дежурниот лекар Јованов се движеле во слична насока.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оценувањето на надлежноста се врши врз основа на наводите во тужбата и врз основа на фактите што му се познати на судот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подоцна отидовме со такси до диското и чекавме да нѐ внесат, како да сме некои кој знае какви познати Вип фаци.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се најде со некои познати прилепчани и дојде до управата на тамошната гимназија, која во тоа време беше сосема малку посетена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го слушнав звукот познатата мелодија со која ми стигаа пораки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Залегнат в кревет со криглата пиво го вклучив моето радиоактивно теле позната водителка ставила ботокс а јас од летаргија почнав да зевам По навика редовно мењав канали дневна политика, срања тривијални вести од светот дежаву војни курвите од Нато фрлале бомби
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Уште од малечки тие знаеја само за појадок и за ручек, а вечерата во нивната куќа не беше позната.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе