поклон (м.)

Бабо Крстовице, остани ми со здравје... - Господ здравје и ум, синко, да ти дади и носи поклони дома на сите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со широка насмевка и лесен поклон нѐ поканува да влеземе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Хлапец, проклет би и посеј малечка татковина на дланките со неа да си ноќеваш со неа да се будиш и на распјат со неа ќе те одведат со еден брут ќе ве заковат, хлапец, вековите крај вас на поклон ќе доаѓаат и волчиците своите малечка ќе ги доведуваат на љубов да ги учат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„Да ми бидите среќни и радосни за век и веков мили мои!“ и продолжи понатаму, додека Томаица и Петар со поклон и благодарност го поздравија и продолжија бавно да чекорат кон битолското корзо и нивната заедничка иднина која ќе трае уште повеќе од половина век.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И над сето тоа наш рој од желби: пламењето од сите ридишта ветрот да ги наведнува во поклон и врз вдлабнатите гробови крстовите од црн бор и бела бреза да болскаат во пурпур, а пламењето на Грамос да имаат круни и секој од гробовите да има лик на крал...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најпосле се создадоа услови Пелагија да ѝ го даде поклонот, една прекрасна азмајникава басма за фустан и едно брошче со две бели срца на црна основа навлезени едно во друго.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Казна или благослов, Божја волја била, живот да му подари, сите поклон да му чинат, со светот да господари.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Во зборовите што ги изречува додека го дава поклонот има искрена радост и топлина, пожелувања за љубов долготрајна што ќе донесе товари радост во срцата на мајката Роса и на мајката Вета, идната нејзина мајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога се појави на вратата, тие станаа, но така чиниш поклон до земја и прават.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
— Бујрум, мудур ефенди! — праша младото забитче и направи скромен поклон со раката на градите, повеќе поради староста на мудурот отколку на неговата положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гоце го забележа тоа. За да ја скрие забуната, господски им со поклони и се поздрави.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Покрај убавите желби и страсните бакнежи малечката Пелагија доби еден куп поклони во облека, тетратки и моливи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не брзајќи да посигне по понуденото, а плашејќи се дека ќе го навреди домаќинот ако го откаже сосема, Софроние направи благ и неодреден поклон нанапред спрема филџанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Да ви се ногу години, ефендилер, — проговори Трајко и со длабок поклон ги поздрави двајцата султанови служители, сиот затресен од возбуда, знаејќи дека не го вика мудурот за добро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Замолчува и брзо додава: Јас им правам поклон на ајдутите, каков што бил Владимир Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
(Како да прави „метании“ — длабоки поклони при молитва, по колена влегува во колибата, која е ниска.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ги одмерува строго и ги трга на страна - поклон за неговиот пријател сликар.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
БАКШИШ - дар, поклон; награда за направена услуга; напојница
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мојата почит и поклон пренеси им ги на твоите најблиски.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Продавачот во трафика одвреме-навреме ќе тргне настрана неколку броја на Теа-Модерна со поклон ЦД.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Повеќе