ползи несв.

ползи (несв.)

Тој не ја насетуваше во совршената взаемност на двата споени сада сеопфатната форма на духот на бесконечноста како ползи на работ на секоја капка време.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ползеше и по нивјето додека мајка му работеше, гризеше тревки и растенија, гризеше земја и варовник, лижеше по камењата како овца по сол, обезбедувајќи си недостаток на калциум; го запознаваше животот околу себе фаќајќи и играјќи си со бубалки, црвчиња и секакви гадурии што му лазеа по рацете и нозете.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во деновите што следуваа ползавците се раширија и почнаа да ползат по поширока површина, и други плодови како мониста се појавија на далеку расфрлените ластунки.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Реката мрзливо ползеше крај колибите. Таа непрекинато се влечеше и се провираше низ камењата, коишто одвај се белееја и ѕиркаа во темната ноќ.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
1 На чардакот месечев на Сува Река жени и снег, жени и мрак. Наутро по карпите ползеше на змиите везилото од отров.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Месечината беше високо искачена и еден квадрат од светлина се промолкна во силосот, бавно ползејќи по телото на Том.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Билјана молчеше. Неколку пати ги крена очите, ползејќи со погледот по тополите угоре, до нивните врвови што се забиваа во небото...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Заскитаната желка ползи по асфалтот. Праисториското животинче, што ги минало мочурливите сништа, пајажините, менливите гробници, неминовно го пречекува смртоносниот метал на четири тркала.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во крчмата се пластеше млака, нејасна тага, ползеше по голите маси, ги начнувше луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Човечето ползеше на сите четири, неговиот подавалник беше одлетал на една страна, а две поточиња кафе течеа по подот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Куќата беше во низата постари двокатни, градени во отоманско-западен стил, повеќе со дрво отколку со тули и со камен, коишто Татко силно го потсетуваа на босфорските јали 2, од цариградската младост, со мали градини напред, со каранфили, со трендафили, со стракови жолто-зеленикава анамска рака кои ползеа ниско по ѕидовите, и со бавчи одзади, во кои се садеа магдонос, босилек, нане, бамји, секакви рани и доцни зеленчуци и зачини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се влечкаат по мев, ползат по снегот, по блатиштето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По раката на дедо Васја ползеше мравка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Поднаведнат маж, влече плодови во мрежата По плодовите газат на Елена нозете боси А низ дрвото лозата девојчински нежна го врзува времето со ластарите и кон радоста ползи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Беше токму пладне. Сега реата од разурнатиот град смрдеше на жежок воздух и на нештата што ползеа помеѓу разорените згради.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Безброј огнени змии шумно ползеа околу мене разбудувајќи во мене желба да се борам и да живеам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Додека уметниците концептуалисти од седумдесеттите прашањето за улогата на телото радикално го доведуваа во прашање со постапки како што се ползење по скршено стакло долж главната авенија на Вашингтон - станува збор за хепенингот на речиси голиот Крис Бардон, или пак неговото прострелување на раката со огнено оружје во една галерија, модерните примитивци најнапред практикуваат обредни техники од ритуалите на тн. примитивни, со политика и религија неидеологизирани општества и култури.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Почнувате да го разбирате вербалниот излив полн со страдање, буквално, физичкото ползење, напнатоста на мускулите, очајот, анксиозноста и стравот кој се доживува во бескрајно многу видови, и можете да ја согледате врската меѓу овие реакции и различните средински ситуации, од кои некои се во доменот на архитектонското.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Значи во 23 часот ќе почне нашиот напад- јуриш на Гинова со единици на 16-та дивизија, кои во целосна тишина, со ползење се доближуваат до целта и во договореното време со изненадувачки скок и со употреба на рачни гранати, нож, штик и тупаници, а ако има потреба и со панцерфауст, се нафрлуваат врз противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гронинг: Се сеќавам дека уште пред да знам да читам, ползев по дневната соба и постојано ги вадев книгите со слики.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Повеќе