полномоштво (ср.)
На полномошното го пишуваше името и презимето на човекот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Командирот го прочита полномошното и како крпа побеле.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ако странката му издала на адвокатот полномошно за водење на парничната постапка, а поблиску не ги определила овластувањата во полномошното – адвокатот, врз основа на таквото полномошно, е овластен да ги врши сите дејствија во постапката, а особено: да поднесе тужба, да ја повлече тужбата, да го признае тужбеното барање или да се одрече од тужбеното барање, да склучи порамнување, да поднесе правен лек и да се одрече или откаже од него, од спротивната странка да ги прими досудените трошоци, како и да бара издавање на привремени мерки за обезбедување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Санде целата работа, со дозвола на Никола, му ја препуштил, со полномошно, на некој негов пријател Турчин, кој, меѓутоа, работата ја свршил така што чифлиците не се продале, туку успеал да ги препише на свое име и да ги присвои.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Трајко сѐ знаеше, а уште повеќе дека Петко е сиромав, но имаше полномошно од селаните и го ослободи од таа страна Петка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Не идам јас така? - одговори човекот и извади полномошно од султанот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ако странката во полномошното не ги определила поблиску овластувањата на полномошникот – полномошникот кој не е адвокат, врз основа на ваквото полномошно, може да ги врши сите дејствија во постапката, но секогаш му е потребно изрично овластување за: повлекување на тужба, за признавање или за одрекување од тужбеното барање, за склучување на порамнување, 246 за одрекување или откажување од правен лек и за пренесување на полномошното врз друго лице, како и за поднесување на вонредни правни лекови (чл. 87, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
С Радев му дал полномошно на Сарафов и тој ги повлекол парите од Друштвото „Њујорк“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но, за поднесување на предлог за повторување на постапката на адвокатот му е потребно посебно полномошно, ако од правосилноста на одлуката изминало повеќе од шест месеца.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Ќе ти го одземеле полномошното. Таков е договорот“, рече.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Странката го издава полномошното [mandatum] писмено или усно на записник во судот и таа може во секое време да го отповика полномошното, а полномошникот може во секое време да го откаже полномошното. (чл. 88, ст.1 и чл. 90, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ова полномошно подоцна е дополнето со зборовите дека „работниците, сопственици на акции, му ги поклонуваат, односно предаваат на владение своите акции на директорот“ – што, пак, претставува класичен пример на измама, како „кривично дело против имотот“, а која допрва треба судски да се разреши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Кое полномошно?“, реков зачудено јас, а Пере продолжи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)