полноправен (прид.)
Откако ќе ја прочитате книгата, ќе станете полноправни членови на Братството.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За разлика од философите, кои живеат од репродуктивната економија на теориските знаци, „литературата полноправно се движи во шума, во светот како во џунгла, низ која мора храбро да се пробива“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)