полноќ (ж.)

Кога ќе поминете на полноќ крај палатата што се наоѓа на центарот од езерово, тропајте колку што можете посилно.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Некаде околу полноќ преку мовчето крај тополите помина друга сенка и отаде низ бавчите накај колибата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Палејќи цигара по цигара откако минаа повеќе од пет часа чекање, беше сигурен дека автобусот ќе пристигне дури по полноќ во ситните часови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Журката кулминираше во диво рикање на фолк рефрени од страна на припадниците на гардата и логично завршуваше некаде пред полноќ, кога гардистите уживаа во нежното танго со младите хуманитарки и поличниот дел од секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се чуствував уморен од луѓето и светот од сиот простотилак и живот багажен од сите пријатели што ги имав алкохолот најмалку знаеше да лаже Неколку часа по полноќ пијан се отргнав лесно од лагите и стресот спокојно летав во вечерна тишина после напорниот калакурнички ден
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
В полноќ се над ним дрвјата од жалба силна свиваа - горските бистри езерца в силна светлина светеа.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Таа вечер ни дадоа и добра храна и нѐ пуштија порано да си легнеме. На полноќ аларм!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Околу полноќ дојде еден вооружен вод албански војници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кон полноќ се кренавме и избегавме в шума.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одвај дочека да мине полноќ, кога е таа слободна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веќе беше заминато полноќ кога стигнав во Истанбул.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веќе беше наближана полноќ кога влегов дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но околу полноќ пак се вратија полицајците и во затворен воен камион ја кренаа и протераа од целото гратче саканата и почитувана старица...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На полноќ се слушаа ледени кристални гласови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Малку пред полноќ дојде струја и така на екранот го гледаа одбројувањето на последните секунди од годината што заврши.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пред полноќ покрај него поминаа двајца со автомати и по кусо време се слушна шлапање на коњски копита.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некаде на полноќ, Мајка почука на вратата на библиотеката, носејќи го подавалникот со вечера за Татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дури некаде околу полноќ, кога некој чуден ветер ги потисна санките сосема до брегот, довјасаа вештерките.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Бандата направи препад токму на полноќ, кога изморените сејмени, ги налегна дремка, та разбојниците иако беа бројно многу помалку од сејмените, успеаја да ги опљачкаат колите и да ги одведат сите дванаесет коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повеќе