помири св.
помириса св.

помири (св.)

Едноставно не можеше да се помири со идејата дека тој е човекот што е предложен за Нобелова награда.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Бугарскиот народ ја загубил скоро цела денешна Србија во корист на Србите и се помирил со мислата за таа загуба и не сметајќи ја за таква.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На крај решив да се помирам со чудниот човек и да се молам дека при утрешното спортување во влезот нема да го сретнам тоа бедно суштество. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се помирив некако со судбината дека ќе живеам во библиската земја што е колевка на културата, престолнина на многу кралеви и мајка на словенската писменост.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Уште една паралела со историјата на Србија: да беше Србија незадоволна од својата судбина во државата на Немањиќевците, таа ќе правеше обид да се ослободи и да им се спротивстави ним со стремежот да се присоедини кон Бугарија; но обидот ќе беше направен и ќе доведеше до саканите резултати само ако дозволуваа историските околности; но последниве не го дозволија тоа и Србија се помири со околностите и беше загубена за Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зошто тој не може да се помири и со мислата за загубувањето на Македонија, кога тоа загубување е исто така неминовна неопходност, како што беше неминовна неопходност и загубувањето на Србија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И вистина, одвај ли има нешто поарно од ваквото свршување на македонската криза: за народот тоа е арно, бидејќи ќе се ослободи и од интригантите од разни народности и ќе се откаже од разни поддупувања што го одвлекуваат од неговите мирни работи: црквата ќе го помири неоснованото непријателство меѓу разните народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу нив никогаш не провеа ветерот на помирување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Помирувањето на разликите си ги сметаше за судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во татковата свест, додека слушаше, јагулата ја водеше неговата мисла, понираше во неговата потсвест со цел да ги помири противречностите што му се наложуваа помеѓу внатрешниот и надворешниот свет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Цариградската кадиска диплома ќе му помогне на Татко во остварувањето на десетгодишната судиска и адвокатска кариера во монархиска Албанија, служејќи како кралски судија во неколку албански градови, а на крајот, кога не можејќи да се помири со режимот, и да отвори адвокатска канцеларија во родниот град Поградец на самата граница крај Охридското Езеро, каде што неговото потесно и пошироко семејство уживаше несомнен авторитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зашто, само преку помирување на спротивностите власта може да биде задржана неограничено време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во својот долг страдалнички живот на Балканот, минувајќи низ круговите на егзилот, покрај чувството на помирувањето со текот на судбината и природниот крај, Татко беше најмногу од сите нас начисто и со невозможноста на враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И се помири Бино со судбината да зема плата три лири месечно, а жената да му ги гледа дечињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не можеш да се помириш со идејата дека треба да се разубави она кое без престан ги поместува стандардите на убавото: таму некаде ја бараш смислата на уметноста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И сите можни балкански противречности, разликите од верски, од етнички и од друг карактер, кои кај други и наоколу можеа да предизвикаат раздор, судири, омраза, нетрпеливост, на нејзиното спокојно и мирно лице, особено во нејзината благородна душа, се помируваа, се смируваа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се помирија со судбината небаре им умре детето и тие продолжија да си живеат како сите сиромаси во селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не можеше да се помири со неуспехот на кое било од своите деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Властите сѐ повеќе се помируваа со вистината дека Чанга сигурно некаде исчезнал.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секој е она што е и треба да се помири со тоа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Повеќе