помисла ж.
помисли св.

помисла (ж.)

Првата помисла беше дека најпосле ќе можам малку да отспијам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Навистина сѐ уште бев далеку од помислата дека користењето на тажната насмевка за да ѝ се руга на туѓата несреќа не е природната жална маска на нејзиниот карактер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никогаш не сум можел да живеам во колектив (тоа ја објаснува и потребата овде да не кажам речиси ништо и за моето семејство); дури имам отпор и кон јавните нужници, автобусите и возовите; ми се гади од помислата дека седам на столче или WC шолја на која седеле илјадници пред мене, макар таа да биде и целосно дезинфицирана и стерилизирана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Всушност токму оваа помисла ме наведе да поверувам дека со моите заклучоци нешто не е вред.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и при самата помисла, дека би можел да се послужам со итрина, се чувствував загрозен“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тегобата од таквата помисла ја криев во себе и со себе ја носев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Лета јастреб на летното небо под нечитливиот краснопис на зодијакот најпрвин во кругови широки и нагли како скришни помисли потем сѐ поситно, опсесивно запира на родното дно наспроти сѐ друго што и натаму се врти околу својата замислена оска.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Изгледа премногу е зафатен со помислата да не се случи некоја незгода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега некаква треска го обзеде при самата помисла дека може да ја загуби, дека нејзиното бело младо тело може да му се измолкне!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговото алчно срце пукаше од мака при помислата дека маслинките пропаѓаат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ги ишкаше орлите и соколите, се ежеше од помислата на невестулките и на сѐ живо и диво што можеше да им напакости.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секавично му помина низ главата помислата дека човеков или е влечен по скалите надолу или просто е турнат со што бил докусурен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од оваа помисла сети трпки по кожата и наидување на руменило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Понекогаш се запрашував: дали првиот поттик да му предложам на брат ми да се запознае со Сара беше ужасот од онаа помисла дека тој ќе го побара телесното задоволство во некоја од оние улички, доколку не му се случи вистинска љубов?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа и онаа помисла: ако навистина сметам дека доброволно дозволувам да ме води животот, од каде тогаш чувството дека доцнам иако втасувам речиси на време на автобуската постојка?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се качив во возот, а ми идат илјада и една помисла една со друга што не се познава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најтешко ми паѓа помислата дека може овдека да умрам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како секавица низ глава ѝ мина помислата дека згрешила.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Одеднаш просто се потресов и од самата помисла.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Знае дека комунизмот и господ не одат заедно, но се куражи со помислата дека можеби и Христос бил комунист, не знаејќи за тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе