помор (м.)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
По рибите, стаса поморија по добитокот, по ајваните; заболените добичиња и живинчиња: телињата, овчичките, козите, кокошките, лизнуваа од езерската вода како од иљач и - или оздравуваа, или со капките в уста умираа; лежеа така додека луѓето не ги кренаа и закопаа или додека чакалите и другите мршојади не ги исчистеа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
5 Го снемало, умрел. За таквите каков што бил Дмитар-Пајко обично се кажувало до заборав - умре по Поклади на патот кон Лесново, како што можело да се споменува, за него или за друг бележит селанец, дека се родил околу Задушници, кога овците на тој и тој ги нападнал помор.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа беше како помор, пропаст, ден суден.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во надежта, спасот се појави на време за отфрлање на она што во центар телесен, како помор дреме.. Од небото спас.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
4. Трагикомедија
Оживи ја, словесно и складно
блажената насмевка, дамна исчезната
во истиот овој театар, Вишна Ведо
зашто нема спокој спознавачки
ни комичен ни трагичен
помор кајшто има, кобна кома
зашто комедијата не ја спасува земјата21
погром кајшто има
„зашто немам надеж, зашто надеж нема“22 да се врати мирот, таму кајшто култ е
на истребувањето слободата
таму кајшто омразата збувнува
како шумски пожар
на планински ветер и
вражји Уууххх
а нам ни треба смисла за стварност
и како да ја издржиме,
Божице!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)