попис м.
пописен прид.

попис (м.)

Веста на најстариот брат за пописот го собра сето семејство на чардакот. – Попис на козите, ја прекина мајка ми прва тишината – не ќе е на арно! – Тие сакаат да видат колку кози имаме па ножот! – рече еден од постарите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Постоеше сега опасност пописот да заврши кобно не само за козите туку и за семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И уште ми кажува дека треба да извршиме попис на луѓе и на добиток, на живо и на мртво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе никој не знаеше за каков попис се работи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Власта мора брзо да го организира пописот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А кога почна пописот, во Козар маало се всели гробна тишина како на закоп што никогаш не завршува...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние, помладите, откако дознавме тие денови за пописот на козите, ги имавме постојано солзите готови да се истркалаат по образите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој бавно ја оставаше книгата, ги извади очилата и пред да стигне да ги коментира мајчините зборови, на чардакот забрзано влезе брат ми партиец и од далеку извика: – Попис, попис на сите кози, наредба од високото партиско раководство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше и главната причина за влегувањето на оружените нивни чети во ерата на пописот на „нуфузите” во Македонија, особено кога веќе требаше да се воведат предвидените Мирцштетски реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така се започнува со попис на козите; со тоа ќе биде означен процесот на трансформација на селаните во граѓани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Епизодата на пописот на козите е навистина антологиски извадок, а во исто време, постапката да се измами едно население во името на прогресот, лишувајќи ги овие животни од живот е толку монструозна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Веста стигна и до нашето семејство. – Каков попис сега, пустината, па не заврши ли пописот есеноска? – се прашуваше мајка ми гласно оставајќи го плеталото крај себе, на чардакот, седната до татко ми кој прелистуваше некаква стара книга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
5. Лежам така и си правам попис на животот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шефот сега сосем задоволен повторно му го препушти пописот на службеникот. – Запиши Слободанка и внимавај повторно да не ги смешаш прашањата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Една друга жена, која на Марија ѝ изгледаше почовечна и со повисок чин, го прегледуваше редот и подготвуваше попис на имињата што новодојдените ги имаа напишано на картони кои им беа зашиени за облеката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Шефот збунето ја гледаше мајка ми. Не знаеше како да продолжи со пописот, па рече: – Луѓе мои, па во ова семејство сѐ се измешало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Козар маало се ширеа, се множеа, се менуваа вестите за пописот на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како ревносен магационер правеше попис на неговите расположенија, нијансите во неговиот глас кои без грешка откриваа дали зборува со маж или со жена, кога некого одбегнува, дали и колку лаже или само крие.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ти имала власта прецизни информации од последниот попис на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе