порој (м.)
Води ме, ајде, ти пат мој прашен, запази спомен од мојот траг, додека живот – поројот страшен – ме врати на роден праг.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
А покрај грдите зборови што ги расфрлала околу себе, на смртта слабост ѝ било да го отне и поројот на болките објавувајќи го со тој гест своето владеење.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го заплисна здрав глас, порој на безгрижност: „Здраво, хер доктор.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А отспроти од зад крваво ранетата душа на степата извираше црвениот железен порој И татнеше татнеше во зорите на потопот (И сѐ уште татнеа копитата неуморни иако одамна патот им истече) Брзаше да умреш еднаш или ако е можно повеќепати
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не знаеше што е тоа што го натера да го истури овој порој од ѓубре.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Некогаш по многу врнежи, таа правеше многу штета, ќе надојдеше како порој и сѐ околу неа ќе одвлечкаше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ретко раскажуваше но кога ќе почнеше, а почнуваше кога луѓето не очекуваа, не се запираше ни под удар на порој ни под уривање на лавина што се разбудува од извик на дрвар или од крик на ѕвер.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го слушав така како ја слуша косилката додека ја косеше тревата, управувајќи рачно наместо далечински, и го гледав како ја мириса искосената трева штом таа од косилката ќе бликне во зелен порој на него.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Силни порои ми ја зафатија душата. Целиот истекувам во тебе.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
И така долго претворен во дожд сал блиското давење на моторите и чадот од другата страна на уличниот порој ме враќа и потсетува дека седам во тремот додека врне дожд додека врне додека врне долгоочекуваниот градски дожд на летната квечерина.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Преврската крвави. Од крајот на устата тече поројче крв.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мртовецот таа го соблече... Крвави порој, лута и не една рана ...
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
А сепак, она најсилното, она највпечатливото, она што докрај го растрепери детското срце, остана да трае, да ги премостува сите порои на времето што нанесуваат заборав.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Таму, зад карпите од другата страна на планинскиот порој, малечкиот Иво, бојаџијата од Шилиговец, кој беше од почетокот член на групата префрлена зад грбот на непријателот, и речиси веднаш погрдно именуван за шептач на смртта, трипати се влечкаше да ја наполни со вода матарката на Раде за да му го излади челото.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Притрча со поголемото котле кај најбогатото поројче што шуркаше од стреата и го подметна да се полни.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Секогаш кога поројот од мисли ќе ја вратеше назад низ времето, пред очите ѝ се појавуваше судникот со трозабецот во рацете, кој со рапав глас ѝ ја соопштуваше одлуката за гревот и товарот што требаше да го носи како казна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Господи, тоа беше клокот од грофтање , од мукање, од блеење; булукот протатне покрај мене и низ мене како најбрз летен порој кој остава зад себе пустош а во нас ја поттикнува рамнодушноста и тоа само заради немоќта да му се спротивставиме.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еден од партизаните му напомена дека е поарно да се врати в село, да не паднело сомневање на него. Се разделија кај камењарот на сувиот порој.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Татнежот потече низ улицата како несопирлив порој.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)