поручник м.

поручник (м.)

Поручниците се смирија, како дечиња во училница кога наставникот ќе збесни поради нивната недисциплина и ќе почне да се дере како нездрав.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Двајцата му салутираа на еден гардиски поручник, кој помина покрај нив, љубезно отпоздрави и им се насмевна.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Низ вратата со стакло можеше да го чуе поручникот како зборува.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Поручникот се насмевна расипано. Имаше меѓу нив неизговорено меѓусебно согласување по прашањето на вредностите секогаш кога некоја ваква работа ќе искрснеше.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Во војната со Италијанците беше поручник, а за време на отпорот стана - капетањос.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Млад албански поручник, на лош грчки јазик, им наредува да скршнат десно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одвреме–навреме ќе се најдеше некој амбициозен гардиски поручник, желен за ловорики, кој што ќе го подбуцнеше подмладокот на гардата да им ја растури партиската трибина или да претепаат некој сопартиец на Љупчо, но тоа не беше голем проблем.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Бидејќи Кларк бил повреден и му била потребна медицинска помош својата мисија Perseverance ја препуштил на поручникот Мекдоналд, а тој продолжил со мисијата на Џорџ Квајн која требало да замени за Македонија каде се надевале дека ќе може да биде илегално префрлен до Скопје каде што би можел да добие потребна медицинска помош.112 ____________________
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Бев поручник. Командир на гранична караула.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Господине поручнику”, вика на својот мајчин јазик кон старешината на групата во униформи на вермахтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Госин поручникот ќе го расчисти ова, - рече фелдфебелот и нареди да се направат носила.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од заробениот поручник дознавме дека целта на грчките кралски единици беше да го заземат селото Смрдеш и на тој начин од запад да ги опколат единиците на ДАГ кои држеа борбени позиции на ридовите над селата Косинец, Лобаница и планината Мали – Мади.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Та нели е на Воената академија и веќе е поручник во една од тамошните касарни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поручникот Пјерс седеше на празна маса близу до линијата за храна.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
„Што повеќе размислувам за тоа,“ рече тој мрзливо, „се повеќе ми се чини дека еден ден на тој поручник ќе му акнам една по муцка.“
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Ја отвори вратата ширум. Поручникот и околу десетина редови и специјалци од батаљонот Браво стоеа или седеа околу масата и гледаа во картата исфлекана со кругови од филџани за кафе.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Поручникот погледна нагоре, „Имате проблем со камионите?“ рече тој.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Колку народ погина тогаш, не се добројува. Ранети - башка. Полковници, капетани, поручници, потпоручници, наредници, поднаредници, каплари, војници, што да ти кажувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас кажав, - рече Србин. Поручникот без објаснение се сети што е работата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Поручникот сака да те види,“ рече Дјуган, „затоа крени го заспаниот газ и право во канцеларијата на дежурниот.“
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Повеќе